Богатиот вокабулар спречува деменција

Под „когнитивна резерва” се подразбира капацитетот на мозокот да ја компензира  загубата на своите функции. Оваа резерва не може да се мери директно. Напротив, се пресметува преку показатели за кои се верува дека го зголемуваат капацитетот.

„Ние се фокусиравме на нивото на вокабулар, како индикатор на кристализирана интелигенција (употреба на претходно стекнати интелектуални вештини). Целта е да се продлабочи нашето разбирање на неговата врска со когнитивната резерва”, објаснуваат истражувачите.

Истражувачкиот тим одбрал примерок од 326 испитаници над 50 годишна возраст, од кои 222 здрави лица и 104 со благи когнитивни оштетувања. Мерено е нивото на вокабулар, заедно со други мерки, како што се нивните години на образование, комплексноста на  работните места и навиките за читање.

Тие исто така ги анализирале и резултатите добиени од различни тестови, како што се “Wechsler Adult Intelligence Scale” (WAIS)  и „Peabody Picture Vocabulary Test “(PPVT)  

Со регресивна анализа ја пресметале веројатноста за оштетување на нивото на вокабулар кај учесниците. Резултатите покажале поголема зачестеност на благо когнитивно оштетување кај учесниците кои имале помало ниво на вокабулар.

Заклучокот е дека повисокото ниво на вокабулар, како мерка на когнитивните резерви, може да не заштити од когнитивни оштетувања.

Поддржете ја нашата работа: