„Божјата честичка“ можеби е нешто друго


Многуте направени пресметки индицираат дека честичката што минатата година беше откриена од
акцелераторот на CERN ( големиот хадронски судирач ) е навистина фамозната Хигсова честичка. Физичарите се сложуваат дека експериментите на CERN навистина открија честичка што досега не е видена. Но според еден тим составен од интернационални научници „не постојат цврсти докази дека тоа навистина е Хигсовата честичка“.

После детална анализа на научните податоци од акцелераторот на CERNво врска со новооткриената честичка, тимот ги објави своите анализи во списанието „Physical Review D“.

Анализите на истражувачите не ја отфрлаат во целост можноста дека акцелераторот на CERN открил Хигсова честичка. Меѓутоа, подеднакво е можно дека се работи и за друг вид честичка.


Но ако не е Хигсовата честичка , тогаш 
што открил акцелераторот на CERN?


Истражувачите веруваат дека е можно да се работи за т.н. „техни-хигс“ честичка. Оваа честичка има многу сличности со Хигсовата честичка, но сепак се работи за две сосема различни честички кои припаѓаат на две различни теории за тоа како е создаден универзумот.
Хигсовата честичка го претставува делот што недостасува во теоријата што се нарекува „стандарден модел“. Оваа теорија  опишува три од четирите природни привлечни сили. Но, не објаснува што е црната материја ( супстанција што го сочинува  најголемиот дел од универзумот ).

Божја честичка

„Техни-хигс“ честичката не е елементарна честичка. Таа се состои од т.н. „техни-кваркови“ за кои се верува дека се фундаментални. „Техни-кварк“ честичките може да се поврзуваат меѓусебно во различни форми и да ги формираат на пример „техни-хигс“ честичките, додека во други комбинации можат да формираат црна материја. Поради тоа очекуваме да откриеме уште неколку различни честички кои се изградени од „техни-кварк“ честичките – велат научниците

Потребна е нова сила за нови честички

Ако „техни-кварк“ честичките постојат , тогаш би требало да постои и сила која ќе ги држи заедно за да би можеле да формираат поголеми честички. Ниедна од познатите четири природни привлечни сили (гравитација , електромагнетна сила , јака и слаба сила) не е доволна да ги држи заедно. Затоа, веројатно постои и друга досега неоткриена привлечна сила.

Она што беше окриено во акцелераторот на CERN може да е или Хигсова честичка од стандардниот модел или лесна „техни-хигс“ составена од две „техни-кварк“ честички.

Веројатно ќе биде потребен помоќен акцелератор кој ќе може да овозможи директно набљудување на „техни-кварк“ честичките за да се утврди за која точно честичка се работи – велат истражувачите.

За елементарните честички

Елементарната честичка претствува честичка која не може да се дели на помали делови. Долго време се веруваше дека атомите се елементарни честички, но на почетокот на 1900-та стана јасно дека атомот се состои од протони и електрони, нешто подоцна беа откриени и неутроните. Подоцна се откри дека протоните и неутроните се составени од кваркови (quark) кои се држат заедно со јаки нуклеарни сили.

Елементарните честички денес се делат во две категории : градивни блокови на материјата – фермиони( fermions) и носители на привлечната сила – бозони (bosons)

Што ќе биде утре можеме само да претпоставуваме, но едно е сигурно дека потрагата по одговори не завршува. Нови истражувања отпочнуваат, нови акцелератори се планираат, нови генерации доаѓаат, но сега засега „божјата честичка“ изгледа се’ уште му припаѓа на Бога.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: