Бразилскиот лилјак – вампир се храни со човечка крв

Меѓу лилјаците постои подфамилија наречена вампирски лилјаци (Desmodontiae) кои пијат крв, најчесто од домашни и диви животни. Во северо-источниот дел на Бразил, откриено е дека овие лилјаци имаат уште еден извор на храна – човечката крв.

Подфамилијата вампирски лилјаци е поделена на три родови, од кој секој има по еден неодамнешен вид: обичен вампир (Desmodus rotundus), белокрилен вампир (Diameus youngi) и влакнесто-ножен вампир (Diphylla ecaudata).

Доколку научниците би погодувале кој од трите крвопијци ќе посегне по човечка крв, секогаш се мисли на обичниот вампирски лилјак (Desmodus rotundus). Ретко се случувало, но сепак е забележано. На крај, наодите од научните истражувања покажуваат нешто, за кое никогаш не би помислиле – човечки крвопијци се сепак бразилските влакнесто-ножните лилјаци.

Истражувањето го спровел Енрико Бернард и неговиот тим од Универзитетот во Ресифе. Тие поточно анализирале 70 примероци на измет од влакнесто-ножни лилјаци кои живеат во националниот парк Кетинбау. Во 15 примероци успеале да дојдат до ДНК материјал на птици, но и 3 примероци од човечка крв. За истражувачите тоа е изненадувачко откритие, бидејќи овој вид на лилјаци воопшто не се прилагодени да се хранат со крвта на цицачите.

Влакнесто-ножните лилјаци таму, главно се хранат со крв од птици и кокошки. Чудно е како го збогатиле своето мени со човечка крв, бидејќи крвта на птиците и цицачите сосема е различна. Птиците имаат поголем процент на вода и масти, а крвта на цицачите е густа и полна со протеини. Анализирајќи ја целата подфамилија на лилјаците, само обичниот лилјак физиолошки би имал корист од човечка крв, додека влакнесто-ножниот и белокрилестиот немаат физиолошки карактеристики за тоа, па затоа ја преферираат полесната крв на птиците.

Најочигледната причина за таквата промена во исхраната лежи кај човекот. Гуан и тинаму се големи птици, чија крв е најчест избор на вампирските лилјаци, а сега се загрозени поради тоа што ги ловат. Затоа лилјаците се принудени додатно да се снаоѓаат како да дојдат до храна. Вампирските лилјаци најчесто одат кај луѓето кои чуваат кокошки. Ловејќи кокошки, веројатно така стигнале до луѓето.

Животните најчесто и не го чувствуваат каснувањето од лилјаци, бидејќи се работи за мала количина на крв која не се цица туку се лиже, претежно од малечки рани кои ги прават со забите. Во сето тоа, најголема енигма за научниците е тоа, како влакнесто-ножните лилјаци пробуваат храна за која не е прилагодено нивното тело. Се наметнува уште едно прашање важно за луѓето: дали наизменичната посета од животинско и човечко тело на лилјаците, ќе доведе до пренесување на разни болести?

Поддржете ја нашата работа: