Една од могуте студии покажуваат дека бременоста создава долготрајни ефекти во мозокот на мајката. Со помош на магнетна резонанца се гледа како сивата материја го менува обемот така што се намалува, помагајќи им на мајките оптимално да се грижат повеќе за своите новороденчиња, а овој ефект трае најмалку две години.
„Овие промени можат да се одразат, барем делумно на механизмот за намалување на синапсите во мозокот,” вели психологот Елзелајн Хокзема, која работела на истражувањето.
Во истражувањето, спроведено во период подолг од пет години, е скениран и разгледуван мозокот на 25 првородилки, за време на бременоста и потоа, заедно со анализите на мозок кај 19 од нивните мажи. Исто така во друга група, научниците го скенирале мозокот на 20 жени кои никогаш немале деца и не се бремени, заедно со 17 мажи кои се нивни партнери.
Резултатите покажале јасна дистинкција помеѓу мајките првородилки и сите други учесници, вклучувајќи ги и новите татковци, со намалување на обемот на сивата материја во средниот фронтален и задниот кортекс и дополнување на префронталниот и темпоралниот кортекс.
Како што истражувачите објаснуваат, овие делови на мозокот се вклучени во општествените процеси, како што е чувството за емпатија и способносна да се разберат другите.
Фактот дека обемот на сивата маса се намалува можеби звучи нездраво, но за разлика од тоа научниците имаат спротивставено мислење, и укажуваат дека во текот на овој процес, ниту кај една мајка не се забележани промени во когнитивните функции и меморијата.
„Губењето на сивата материја немора да претставува лоша работа, туку корисен процес при созревање кај мајките” -велат научниците. „Ова е прилично мала студија. Потребни се поголеми истражувања за да ги потврдат резултатите” -додаваат тие.
Да се биде мајка е тежок процес кој наложува многу приспособување. Вашиот мозок после породувањето ќе биде способен да одговори на промените кои се случуваат, со што ќе ви помогне да направите се што треба за да се грижите за вашето “пакетче полно со радост”.