Ова е една од првите конкретни анализи за тоа која храна може да биде вмешана во „зависноста од храна”, која стана предмет на зголемен интерес за научниците и потрошувачите, поради епидемијата на зголемена телесна тежина и гојазност.
Од претходните испитувања кај животните се заклучи дека многу преработената храна или храната со додадени масти или рафинирани јаглехидрати (како бело брашно и шеќер), може да предизвика зависност. Клиничките испитувања кај луѓето покажале дека некои поединци ги исполнуваат критериумите за зависност од храна.
И покрај тоа што високо преработената храна е вкусна и најпосакувана, нема многу информации за механизмот за создавање на зависност кај луѓето. Непреработената храна, без додаток на масти или рафинирани јаглехидрати како кафеав ориз и лосос, не биле поврзани со зависност. Лицата со симптоми на зависност од храна, или со повисок индекс на телесна маса, известуваат за поголеми проблеми со високо преработената храна, што укажува на чувствителноста на можните „наградувања”, карактеристични за овој вид храна.
Значајност на наодите
Ова е прв чекор кон идентификување на посебните видови храна и својства на храна, која може да ја предизвика оваа зависност. Запознавањето со проблематиката може да ги промени третманите за дебелина. Во поширок контекст, освен во однос на храната, анализите од ваков вид може да имаат примена и кај третирањето во зависности од цигари, алкохол и дрога.
Идните чекори се да се испита дали зависноста од храна предизвикува промени во мозочните кола, слични на оние од дрогата.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.