Микро и Макро

Детектиран водород во исклучително далечна галаксија

Астрономите детектираа слаб сигнал на водород во исклучително далечна галаксија лоцирана на оддалеченост од околу 5 милијарди светлосни години, со што поставија нов астрономски рекорд. Научниците го направија ова откритие со помош на телескопот „VLA“ во опсерваторијата во Ново Мексико, кој само што имал значително надградување на антените што му овозможило да детектира сигнали на водород на речиси двојно подолго...

Наскоро ќе ја имаме првата слика од црна дупка

Неверојатните фотографии на црните дупки кои постојано ги гледаме се всушност само наши најдобри претпоставки за тоа како тие навистина би изгледале, со оглед на тоа дека се наоѓаат на огромни далечини од Земјата и се речиси целосно невидливи за нас. За среќа, физичарите не се откажуваат и сега тим на физичари од МИТ и Харвард разви нов алгоритам кој...

Мапа на црната материја

Доколку постоеа само ѕвездите, одамна ќе бевме отфрлени од нашата галаксија. Нашата галаксија содржи некаков материјал кој ја поврзува и е застапен 6 пати повеќе од секој атом од секој елемент во периодниот систем. Тој материјал е познат како црната материја. Црната материја е невидлива и може да се забележи само преку ефектот кој нејзината гравитација го има на...

Од што е направен Универзумот?

Обичната материја од која се состои сѐ што ни е познато, одговара само на 5% од универзумот. Околу половина од овој процент сѐ уште не може да се детектира. Нумеричките симулации овозможија да се предвиди дека остатокот од оваа обична материја би требало да се наоѓа во структурата на големите структури од „космичката мрежа“ на температури помеѓу 100 илјади...

Новата студија на НАСА вели дека Месечината некогаш имала атмосфера

Новото истражување покажува дека Месечината некогаш имала атмосфера, а за тоа била заслужна вулканска активност која уништила стар сателит, придвижувајќи ги гасовите над нејзината површина. Месечината денес има атмосфера која едвај може да се нарече така, и изгледа како обична сива топка, но пред 3 - 4 билиони години, вулканските ерупции исфрлале голема количина на лава и гасови на нејзината...

Што се случило со антиматеријата?

Ролф Ландуа, научник од ЦЕРН се навраќа на секундите после „Биг Бенг“ за да ја објасни оваа разлика која ни овозможува да преживееме.  

Откриени 8 нови егзопланети- 2 досега најслични на Земјата

Повеќето од овие планети имаат добри шанси да бидат карпести, исто како Земјата", вели водечкиот автор Гилјермо Торес од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан  (CFA). Двете најголеми планети слични на Земјата се „Кеплер-438b“ и „Кеплер-442b“. И двете орбитрираат околу  црвени џуџести ѕвезди кои се помали и поладни од Сонцето.  „Кеплер-438b“ ја заокружува својата ѕвезда на секои 35 дена, додека „Кеплер-442b“  на секои...

Нови мистериозни кратери, закана за Сибир

Сега, со помош на сателитски снимки, лоцирани се дополнителни четири кратери, а се верува дека може да има десетици повеќе во овој регион. Се повикува на итна истрага за да се заштитат жителите кои живеат во таа област.„Сигурен сум дека постојат повеќе кратери на Јамал, ние само треба да ги најдеме. Претпоставувам дека таму би можело да има 20-30...

Мистеријата на осамените ѕвезди

Поголемиот дел од ѕвездите во Универзумот го поминуваат својот живот во парови, со сопатници покрај себе - односно во т.н. бинарен систем. Во овие бинарни системи, двете ѕвезди орбитираат околу својот заеднички центар на гравитација. Но, неодамна се појавија древните „RR Lyrae“ ѕвезди кои од мистериозни причини го поминуваат својот живот сами. Овие ѕвезди се едни од најстарите во космосот...

НАСА објави 2054 нови прекрасни фотографии од Марс

Десет години камерата на Орбиталниот истражувач на Марс на НАСА, снима прекрасни и научно многу драгоцени слики од Марс. Овие слики се исклучително детални, што им овозможува на научниците да ги истражуваат карактеристиките на планетата на размер од само неколку метри, вклучувајќи го и местото каде неодамна се сруши лендерот Скиапарели. Од 2054 –те најнови слики што беа објавени во август,...

(ВИДЕО) „Space X“ не успеа да ја призејми ракетата на подвижна платформа

По минатонеделната најава дека компанијата „Space X“ ќе се обиде по втор пат успешно да лансира и да призејми дел од ракета, но овој пат на подвижна платформа поставена во Тихиот океан, компанијата штотуку објави не успеала во тоа. http://scontent-vie1-1.cdninstagram.com/hphotos-xpt1/t50.2886-16/12560150_1553924228264185_2124769001_n.mp4             Компанијата „Space X“ успеала успешно да ја лансира ракетата од воздухопловната база „Vandenberg“ во Калифорнија (чија цел беше едниот дел да...

Од Њутн до Ајнштајн – Потеклото на општата теорија за релативноста

Најголемиот теоретски физичар на сите времиња, таткото на општата теорија на релативноста, која се смета за една од двата столба на модерната физика, добитник на Нобелова награда за физика во 1921 година и еден од најголемите придонесувачи на филозофијата на науката, Алберт Ајнштајн е роден на 14 март 1879 година во Улм, во кралството Виртемберг во Германија. 137 години по...

НАСА најавува две нови мисии за истражување на астероиди

Астероидите се едни од најнеистражените територии во Сончевиот систем. За да дознаеме нешто повеќе за нив, НАСА објави две нови мисии кои ќе посетат нови видови на астероиди во 2030-тите години. Во 2023 година, НАСА ќе го лансира леталото „Psyche“ кое ќе одлета во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер за да го истражува астероидот „16 Psyche" којшто всушност претставува...

Научниците на чекор до создавање на синтетичка форма на живот

Научниците се на чекор до создавање на цел синтетички геном за микроб кој веќе пет илјади години се употребува за производство на леб, пиво и вино – квасецот. Ова отвара пат за содавање на потполно нови организми кои во целост се дело на човечка рака. Овој труд на креирање на квасецот претставува значителен напредок во способноста на истражувачите за создавање...

Ѕвезди што се допираат

Овој систем, кој е наречен „ВФТС 352“, се наоѓа на оддалеченост од околу 160.000 светлосни години и претставува најжешкиот и најмасивниот двоен ѕвезден систем  откриен досега.Системот „ВФТС 352“ се наоѓа  во маглината Тарантула, област што е најактивна во формирањето на ѕвезди во локалната група на галаксии во кои спаѓа и Млечниот пат.Според истражувачите, двете ѕвезди орбитираат околу себе за...

Приклучете се на курсот за црни дупки – од супернови до квазари

Астрономскиот центар Орион организира курс за ЦРНИ ДУПКИ. Предавањата ќе се одржат во 3 термини со почеток во четврток, 11 мај во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Подготвени се 8 предавања од области што ги допираат екстремните појави на црните дупки. Курсот е осмислен да биде од популарен карактер, што значи дека за негово следење не...

Џиновски спирали би можеле да го објаснат нашето постоење

Нашите најдобри теории на физиката имплицираат дека ние не би требало да постоиме. „Биг Бенг“ требало да произведе еднаква количина на честички на материја и антиматерија кои речиси веднаш меѓусебно би се уништиле, оставајќи само светлина. Но, тука сме - и се чини дека има многу малку антиматерија наоколу, што всушност претставува една од најголемите нерешени мистерии на физиката.Во...

Решена мистеријата на Титан

Токму тоа и го покажува истражувањето направено од истражувачите од Универзитетот во Тенеси, предводени од професорката Девон Бур. Ова откритие може да даде објаснување како се формирале дините. Наодите се објавени во списанието „Nature“.Пред една деценија, научниците биле восхитени од сликите од Титан направени од вселенското летало „Касини“, кои покажуваа дини составени од дотогаш непознати честички.„Изненадувачки беше тоа што...

Леталото на НАСА се приближува до нов објект

Леталото на НАСА, откако го направи прелетувањето на Плутон во јули, има можност да се запознае со уште едно вселенско тело кое се наоѓа на работ од нашиот сончев систем. Објектот што го носи името „2014 MU69“, се проценува дека е со пречник помеѓу 25 и 45 километри. Неговата вистинска големина зависи од тоа колку е рефлективна неговата површина - засега,...

Атмосферата на Венера – Пекол на Земјата

Научниците заинтересирани за Венера, како и други екстремни места во Сончевиот систем, наместо да патуваат до нив, сега имаат друга опција за да ги проучуваат. Новиот симулатор во истражувачкиот центар Глен на НАСА, во Охајо, може да ја репродуцира екстремно високата температура, страшниот притисок и атмосферските гасови на Венера и да создаде сличен таков пекол на Земјата. Во внатрешноста на комората...

Најново од Енаука.мк

video

Паметна бразлетна за заштита од улични напаѓачи

Студентка од Универзитетот на Алабама создаде прототип на женска паметна бразлетна што при уличен грабеж или напад, испраќа сигнал до полицијата и до блиските...