Чарлс Дарвин бил оженет со своја блиска роднина

Иако браковите помеѓу блиски роднини денес се чинат како социјални табуа, тие во минатото всушност биле доста чести, особено во аристократските општества и кралските семејства.

Од припадници на египетски династии до династијата Хабзбург со која владеела Австрија, бракот помеѓу членови од семејството бил средство за задржување на моќта и богатството во еден безбеден круг. Во викторијанска Англија, бракот повеќе е сметан за работен однос помеѓу двајца, отколку за љубовен.

Сепак, последиците од ваквите бракови биле очигледни – висока стапка на смртност кај новороденчињата, разни дефекти и ментални болести биле честа појава кај децата зачнати при инцестуозни односи.

Таквиот тогашен тренд не го заобиколил семејството Дрвин-Веџвуд, чија заедница датира од 18ти век.

Еразмо Дарвин, дедото на Чарлс по татко, кој бил успешен лекар, поет и пронаоѓач, и Џозија Веџвуд, славен грнчар и основач на компанијата “Josiah Wedgwood and Sons” ја виделе можноста за проширување на своето богатство и влијание во спојувањето на семејствата. Од тој момент, неколку членови од семеството се венчале, што подоцна довело до инцест.

Три од десетте деца на Чарлс Дарвин починале уште во најраните години од нивниот живот, додека три никогаш не добиле свое потомство, иако биле со години во брак. Шпанските и американските научници кои го проучувале семејното стебло на Чарлс Дарвин установиле дека главен виновник за таквата ситуација е инцестот. Имено, Чарлс бил оженет со својата роднина од прво колено, Ема Веџвуд.

Во една студија, објавена во научното списание “Bioscience” генеалогијата на семејсвото Дрвин-Веџвуд е објаснета со компјутерска програма која го пресметува коефициентот на инцестот, односно можноста еден поединец да има две еднакви копии на гени, што е последица од инцест.

Поддржете ја нашата работа: