Часовник за мерење на староста на ѕвездите

Научниците од центарот за астрофизика (CFA)Харвард-Смитсонијан, имаат за цел да изградат часовник кој може прецизно да ја измери староста на ѕвездите според нивната ротација.

Информациите за староста се особено важни за потрагата по знаци на живот надвор од нашиот соларен систем. Беше потребно долго време за животот на Земјата да ја постигне  денешната комплексност. Со прецизен ѕвезден часовник, астрономите би можеле да идентификуваат ѕвезди со планети кои се стари колку нашето Сонце, или постари.

Ротацијата на ѕвездата зависи од нејзината старост, односно постепено се успорува со текот на времето. Ротацијата, исто така, зависи и од масата на ѕвездата. Астрономите откриле дека поголемите и потешки ѕвезди имаат тенденција да се вртат побрзо од помалите и полесните. Оваа ново откриена математичка врска помеѓу масата, ротацијата и староста на ѕвездата, им ја олеснува пресметката на научниците.

Овој метод прв пат е предложен во 2003 година и е наречен „gyrochronology“ од грчките зборови „gyros“ (ротација), „chronos“ (време) и „logos“  (причина,потекло).

За да се измери ротацијата на ѕвездата, астрономите ги следат промените во нејзината осветленост предизвикани од темни дамки на површината кои всушност се ѕвездениот еквивалент на сончевите дамки. Астрономите всушност ги следат дамките и така имаат увид во моменталната позиција. Постарите ѕвезди имаат помали дамки, со што се отежнува откривањето на староста. Во ова истражување, научниците ги мереле ѕвездите од кластерот стар повеќе од 2,5 милијарда години, познат како „NGC 6819“.

Иако овие промени се многу тешко мерливи , за среќа, неодамна, леталото „Кеплер“ на НАСА, обезбеди прецизни податоци за осветленоста на ѕвездите.

Часовникот е важна нова алатка за астрономите во проучувањето на еволуцијата на ѕвездите и нивните придружници, како и за идентификација на планети,доволно стариза еволуција на комплекен живот. Истражувањето е објавено во изданието наинтернет на „Nature“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.