Дигиталната ера го отвори патот за еволуција на селфито. Нашите паметни телефони ни овозможуваат да направиме разни видови на селфи и да ги споделиме со остатокот од светот.
Постирањето на селфи го поврзуваат со нарцизам, но една неодамнешна студија објавена во „Visual Communication Quarterly“ укажува на тоа дека повеќето од нас кои споделуваат фотографии се делат на три групи: комуникатори, автобиографи и само-публицисти.
„Важно е да да се знае дека не секој е нарцис“ – вели Стивен Холидеј, ко-автор на студијата.
Претходните истражувања покажуваат дека не секој кој постира селфиња е самобендисан. Во една студија спроведена од Австралискиот национален универзитет, истражувачите забележале дека 75 проценти од селфињата ги постираат жени, а само 1 од 10 е објавено од страна на корисник кој бара публицитет со надеж да добие платени текстови. Со други зборови, овие луѓе продаваат поглед на нивниот начин на живот или себеси, со лајкови и следења кои делуваат како валута, за да изградат публика и да воспостават еден вида на слава на социјалните медиуми. Тие се рекламираат.
Истражувачите од Универзитетот Биргам Јанг истражувале што не мотивира нас луѓето од сите возрасти, култури, пол и религии, да направиме и да споделиме селфи. Вкупно 46 учесниц биле прашани да рангираат мотиви за селфи почнувајќи од оние кои се најмногу усогласенси со нивната личност. Потоа тие биле проценети од истражувачкиот тим, кој класифицирал три „типови“на луѓе кои прават селфи.
Нивниот заклучок е: мотивацијата за селфи оди подалеку од само-опсесијата. Тие се важни како алатка за документирање во општеството.
Па, во кој тип на луѓе спаѓате вие?
Комуникатори
Доколку правите селфи за првенствено да ги вклучите пријателите, семејството или следбениците во разговор, тогаш вие сте комуникатор. На пример, ако сакате да започнете разговор за важноста на гласањето и извршувањето на вашата граѓанска должност, ќе направите селфи и ќе го споделите на социјалните медиуми, како актерката Џесика Бил.
https://www.instagram.com/p/BMPUOwTDTHg/
„Двонасочната комуникација е карактеристична за нив“ – вели Морин Елинзано, коавтрор на студијата.
Автобиографи
Доколку правите селфи за да документирате настани во вашиот живот и да забележите значајни спомени, тогаш најверојатно спаѓате во оваа група. Овие луѓе сакаат луѓето да ги видат нивните слики, но тие не бараат повратен одговор или ангажирање на ист начин како комуникаторите. На пример, пејачката Бијонсе објави фотографија на Инстраграм со нејзината ќерка Блу Ајви која става цвет во нејзината коса, за да ја оковечи радоста на мајчинството.
https://www.instagram.com/p/BIbU3Lzhvx_/
Само-публицисти
Ова е најмалата група од сите три, и тука луѓето се познати по тоа што сакаат да го документираат целиот нивен живот. „И во документирањето и споделувањето на нивните животи, тие се надеваат дека ќе се престават себеси и своите приказни во позитивно светло „ – додава ко-авторот Харпер Андерсон.
„Можам да видам дека на Фејсбук и Инстаграм луѓето имаат желба да учествуваат во разговор. Тоа им претставува можност да се изразат себеси и да добијат некој вид на повратен одговор“ – додава Стивен Холидеј. Тој верува дека идентификувањето и категоризирањето во три групи е од суштинско значење за да се разбере дека селфињата се поинаков тип на фотографија која луѓето ја искусуваат.
Селфињата не се само една форма на суета, тие стануваат нормален дел од нашиот живот. Тие не мора да бидат поставени со намера за промовирање на себеси, туку како алатка која е дел од секојдневниот живот со семејството и пријателите.