Четири митови за шизофренијата

Спротивно на тоа како се претставуваат во некои медиуми, лицата со шизофренија можат да живеат релативно нормален живот. Ова може да е изненадување за многу луѓе кои веруваат дека лицата со шизофренија обично животот го поминуаат во институции, слични како онаа од филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ и дека дијагнозата на шизофренија значи и „крај на животот“. Ова се случува бидејќи митовите, а не фактите во врска со шизофренијата имаат огромно влијание на тоа како луѓето ја доживуваат шизофренијата.

Еве само неколку од митовите во кои се верува и зошто се тие погрешни.

ПредходнаСледно

11 Луѓето со шизофренија имаат повеќе личности

Според едно истражување од 2008 година на Националната алијанса за ментално здравје на САД, 64% од луѓето не се во состојба да ги препознаат симптомите на шизофренија и наместо тоа едноставно веруваат дека лицата со ова нарушување имаат „поделена“ личност или повеќекратно пореметување на личноста.

Ова не е точно. Кај шизофренијата има многу различни симптоми, но ниеден од нив не подразбира повеќе личности. Овој мит веројатно потекнува од зборот „schizo“, што значи расцеп, но во овој случај тоа се однесува на празнините (или расцепите) во способноста на личноста да мисли и да ги изразува чувствата (лицата со „поделена личност“ страдаат од повеќекратно пореметување на личноста).

1. Луѓето со шизофренија имаат повеќе личности

22 Луѓето со шизофренија се опасни

Во популарната култура лицата со шизофренија најчесто се прикажани како садисти, непредвидливи и насилни. Иако е точно дека некои лица со шизофренија вршат криминални дела, многу поголем дел од овие пациенти не се насилни. Всушност, само 23% од криминалните дејства направени од лица со шизофренија биле директно поврзани со нивните симптоми.

За жал, вообичаеното мислење дека сите лица со шизофренија се опасни многу придонесува за стигмата што се поврзува со ова нарушување. Па затоа на луѓето со шизофренија често им се намалени можностите за добра работа и домување, изложени се на поголем стрес, имаат понска самодоверба и намален квалитет на живот.

2. Луѓето со шизофренија се опасни

33 Кај шизофренијата се присутни само илузиите и халуцинациите

Многу луѓе погрешно веруваат дека лицата со шизофренија страдаат само од илузии и халуцинации. Ова не изненадува, бидејќи психотичните симптоми се необични и често застрашувачки, па затоа популарната култура повеќе се фокусира на овие отколку на другите симптоми поврзани со шизофренијата.

Но, покрај илузиите и халуцинациите, кај  лицата со шизофренија можат да бидат присутни и затапени емоции, ниска мотивација, неорганизиран говор и недостаток од желба за формирање социјални релации. Тие исто така имаат проблем да го задржат вниманието и да извршуваат одредени когнитивни задачи.

3. Кај шизофренијата се присутни само илузиите и халуцинаци...

44 Шизофренијата не се лечи

Во старите филмови, (а и во старите  времиња) лицата со шизофренија се прикажуваат како се ставани во институции и често го поминуват животот во изолација. На многу начини развојот на ваква тешка ментална болест бил еднаков на казна доживотен затвор. Од овие причини некои луѓе погрешно веруваат дека шизофренијата не се третира и дека институционализацијата е единственото решение за овие лица.

Иако е точно дека шизофренијата не може да се излечи, сепак може успешно да се третира. Лековите, рехабилитационите практики и психо терапијата може да им помогнат на лицата со шизофренија да водат независен и продуктивен живот. Со соодветен третман, многу луѓе со шизофренија може да изгледаат потполно здрави.

4. Шизофренијата не се лечи

55 Има уште многу да се учи

Истражувачите сѐ уште се обидуваат да откријат сѐ во врска со ова нарушување: дали шизофренијата е поврзана со специфични анатомски структури во мозокот, дали микроорганизмите што се наоѓаат во грлото се делумно одговорни за развој на ова нарушување, може ли со помош на компјутерите да се предвиди ризикот од психози? Секојдневно се откриваат многу одговори, но се подигаат и нови прашања. Да се надеваме дека сите овие факти за шизофренијата во иднина ќе станат само мит.

5. Има уште многу да се учи
ПредходнаСледно