Дали некогаш сте доживеале момент за кој мислите дека веќе се случил? Дежа ву (фран. „веќе видено“) е еден од оние феномени за кои се’ уште немаме дефинитивно објаснување. Додека научниците не пронајдат дефинитивен одговор, прочитајте ги четирите можни објаснувања на овој феномен, кој го доживеале две третини од луѓето.
1. Лекови
Една студија објавена во списанието „Journal of Clinical Neuroscience“ открива дека 39 годишен маж искусил неверојатно силен дежа ву ефект по земањето комбинација од амантадин и фенилпропаноламин, со цел да му помогне во надминување на грип. Се работи за здрав маж кој по завршувањето со лекарствата престанал да забележува дежа ву.
2. Вашиот мозок пронаоѓа кратенка
Оваа претпоставка, опишана на страниците на „Psychology Today“, опишува како дежа ву е краткотраен ефект помеѓу долгорочните и краткорочните склопови во мозокот. Информациите кои нашиот мозок ги зема од околината можат да го скратат патот до долгорочното паметење. Со тоа се заобиколува типичниот трансферен механизам за чување на податоци. Согласно со тоа кога имаме дежа ву се чувствуваме како да сме доживеале нешто од нашето минато.
3. Влијание на риналниот кортекс
Церебралниот кортекс е област поврзана со меморијата. Некои научници за него зборуваат дека е чувар на декларативната меморија. Неговата главна функција е детектирање на познати работи во околината. Кога ќе доживееме дежа ву, дел од нашиот мозок кој и пристапува на меморијата, хипоталамусот, е активен додека нема знаци на активност на риналниот кортекс. Зошто? Не можеме да кажеме со сигурност, но тоа би можело да биде објаснување зошто нам нешто ни е познато кога доживуваме дежа ву.
4. Живееме во паралелен универзум
Додека прашањето за живот во паралелен универзум е од доста спектакуларен карактер, научникот Мичио Каку, во видеото под наслов “Што е Дежа Ву?” го поставува прашањето:
„Дали е возможно, на било кое ниво, да се премине во паралелен универзум? Одговорот на ова прашање е доста нејасен. Ние физичарите веруваме дека навистина постои мултиуниверзум кој се наоѓа во нашата дневна соба”.
Во видеото, Каку го наведува примерот на Стивен Вајнберг, теоретски физичар и добитник на Нобелова награда, кој вели да размислиме барем на радиото кое се наоѓа во нашата дневна соба. Ако слушаме само една станица, тоа радио е подесено само на една фреквенција. Но, во нашата дневна соба постојат фреквенции на други радио станици, само што нашиот радио приемник моментално емитува само една.