Четвртина од големите компании во ЕУ користат роботи

Големите компании кои вработуваат 250 или повеќе лица многу повеќе користат роботи во извршувањето на нивните активности отколку во случај на средни и мали бизниси, покажа истражувањето на Евростат.

Во 2018 година во Европската унија, 25% од големите компании користеле роботи, наспроти 12% од средните по големина претпијатија кои вработуваат 49 до 250 луѓе и пет проценти од малите претпријатија кои вработуваат 10 до 49 вработени.

Компаниите почесто користеле индустриски од сервисни роботи. Индустриските роботи најчесто се користеле во производствениот сектор, додека сервисните во производство и трговија на мало.

Компаниите кои користеле сервисни роботи, воглавно ги користеле за системите за управување со складишта за 44%, потоа за работите за чистење и згрижување на отпадот во 21%, и за монтажни работи во 21% од случаите.

Најголем удел од компаниите кои користат индустриски или услужни роботи е забележан во Шпанија за 11′, Данска и Финска за 10% и во Италија за 9%.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.