Човечките мисии на Марс загрозени од радијација


Во статијата објавена на интернет во весникот „Space Weather“, вонредниот професор Нејтан Швадрон од Институтот за проучување на Земјата, Океаните и Вселената (анг. EOS) на Универзитетот во Њу Хемпшир и одделот за физика, вели дека како резултат на недостаток на соларна активност високо над нормалата, соларниот ветер покажува екстремно мала густина и јачина на магнетнто поле, што предизвикува опасни нивоа на радијација да преовладуваат во вселената.

„Однесувањето на Сонцето неодамна се промени и сега се наоѓа во состојба која не била забележана речиси 100 години“, вели Швадрон.

Тој забележува дека во текот на поголемиот дел од постоењето на вселената, сончевата активност покажала 11-годишен постојан циклус, со приближно шест- до осум-годишно мирување (соларен минимум), проследен со две- до три-годишни периоди кога сонцето е поактивно.

„Почнувајќи од 2006-тата година, го следиме најдолгиот соларен минимум и најслабата соларна активност која воопшто некогаш била забележана во вселената“


Овие услови го донеле најголемиот интензитет на галактички космички зраци кои некогаш се забележани од почетокот на постоењето на вселената, што предизвикале зголемена опасност од радијација што претставува потенцијална закана за идните астронаутски мисии во вселената.

Луѓето се соочуваат со сериозни последици при изложувањето на радијација, како што се акутното радиоактивно труење, рак или оштетување на органите вклучувајќи ги срцето и мозокот, па затоа овие податоци се од суштинско значење и може да влијаат на времетраењето на мисиите во иднина.

Високите нивоа на радијација забележани за време на последниот соларен минимум го ограничуваат, односно намалуваат времето во вселената кое им е дозволено на астронаутите и се очекува во наредниот соларен циклус да опадне уште за 20%.

Поддржете ја нашата работа: