Чудни движења во развојот на ембрионот

Со помош на флуоросцентна микроскопија, научниците успеале да тестираат математички модел на морфогенеза – потеклото и развојот на структурата и формата на организмот, и да разберат како формата на клетките го придвижува процесот на инверзија – кога ембрионот се движи од сферична форма во форма на печурка и потоа повторно се враќа во првобитната сферична форма.

Снимките покажуваат дека за време на инверзијата едната хемисфера од ембрионот се намалува, а другата се зголемува и промената на формата е можна само доколку постои оваа контракција.

 


Ембрионите на Волвокс ја менуваат својата форма само преку менување на формата на клетките и нивната поврзаност. Оваа едноставност ги прави идеални за проучување на животинскиот модел, односно гаструлацијата при која ембрионот добива облик на чашка и се формираат основните ембрионални слоеви од кои се формираат сите органи во телото. Геструлацијата е резултат на сложена промена на формата на клетките, клеточна делба и миграција, со што претставува процес кој научниците тешко го разбираат. Сега, со помош на овој 3Д модел, научниците ќе бидат во можност да прават попрецизни анализи.

Истражувањето е објавено во „Physical Review Letters“.

Поддржете ја нашата работа: