Дали „Apple“ ќе прави автомобили?

Според извештајот на „The Wall Street Journal“, компанијата „Apple“ веќе ангажирала стотици вработени на овој проект. Проектот наречен „Титан“ е предводен од Стив Задески, поранешен инженер на „Форд“, кој помогна во создавањето на „ipod“ и „iphone“.

Не е јасно кои се долгорочните планови на „Apple“, но влегувањето во бизнисот со производство на автомобили е голем скок, дури и за компанија која веќе има преминато од компјутери преку музика па до телефони. „Тесла“ е првата нова компанија во Америка која направила профит – од основањето на „Крајслер“. За своите само-навигациски автомобли, „Google“ користи преправени возила на „Тојота“, а од неодамна и мали автомобили направени од индустрискиот доставувач „Roush“.

Сепак, неодамнешните промени во автомобилската индустрија може да му овозможат извесна предност на „Apple“ во однос на компаниите што ова го работат повеќе од еден век. Подемот на информатичката индустрија, во и околу автомобилите – особено нагласувајќи ја  телеметриката, активната безбедност и врската возач-патник е многу реален тренд.

Успехот на „Тесла“ во оваа индустрија може да е логичниот преседан за влез на  „Apple“. Се’ поголем број на  производители на автомобили се и технолошки компании. Во секој автомобил произведен денес има десетици компјутери, така што компанијата „Apple“ ќе влезе во оваа индустрија веќе подготвена.

Дека компанијата сериозно се подготвува за влез во оваа индустрија е и податокот дека 46 сегашни вработени во „Apple“ се дојдени од „Тесла“ (се зборува дека компанијата им понудила и до 250 000  долари, плус покачување од 60% на тие што се согласиле  да преминат), а 640 вработени во „Apple“, веќе имаат искуство во автомобилската индустрија. Се зборува исто така дека „Apple“ многу агресивно регрутира инженери чија специјалност е во областа на акумулаторите, иако е нејасно дали ќе го примени сето тоа што ќе го произведе, како апарати за потрошувачка, за автомобилски пазар или за двете.

Има и други субтилни, но забележителни индиции. Во Јануари 2014 година, Мики Дрекслер, член на управниот одбор на „Apple“ рече: „Ако беше жив Стив Џобс ќе дизајнираше „iCar“… За да се направи таков автомобил, потребен е некој со визија за дизајн.“ И да не заборавиме дека познатиот дизајнер Марк Њусон сега работи за „Apple“.

Покрај другото „Apple“ има и пари. Се проценува дека во наредните 7 до 10 години ќе бидат потрошени 2-4 милијарди долари за нов дизајн за автомобискиот пазар. „Apple“ којa се’ уште нема изградено инфраструктура и индустриска поврзаност , се’ уште може ова да го направи, што можеби ќе резултира со формирање нов оддел за автомобили (што значи и повеќе потрошени пари). Но, за компанија што неодамна оствари пазарна добивка повеќе од 700 милијарди долари, дури и ако целиот труд пропадне, сумата веројатно би била ништо повеќе од една „грешка во заокружувањето“ во однос на огромниот прилив на „кеш“ во компанијата. Се претпоставува дека за овој труд би требало да се вложат околу 5 милијарди долари.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

 

Поддржете ја нашата работа: