Дали делфините чуствуваат тага?

Чувството на тага се развива само кај социјални животни со голем и сложен мозок.

На животните за кои се претпоставува дека можат да чувствуваат тага, како што се шимпанзата и слоновите, од неодамна им се придружија и делфините. За тоа голем допринес даде италијанскиот биолог Џовани Беарци од непрофитната организација Dolphin Biology and Conservation која се занимава со заштита на природата и морето.

Постојат неколку илјади фотографии и видеа на интернет на кои јасно се гледа дека делфините тагуваат. Исто така се познати и сцените каде мајка го носи своето младенче на својот грб, и така го влече една недела или повеќе.

Со цел дефинитивно да се потврди дали овие животни чувствуваат и манифестираат тага, Беарци и неговите колеги анализирале 78 научни извештаи, објавени во периодот од 1970 – 2016 година. Во нив се прикажани слични сцени на оние од социјалните мрежи, а Беарци ги нарекол postmortem-attentive behavior.

Тимот утврдил дека 20 од 80 видови китови и делфини на ист начин се однесуваат после смртта на нивните сакани. Најголемиот број од нив им припаѓаат на видовите Sousa и Tursiops, додека за само еден вид е потврдено дека чувствува тага. Станува збор за грбавиот кит.

Научниците за потврдиле и врската помеѓу тагата и големината на комплексност на мозокот на овие животни. Делфините кои живеат во поструктурирани општествени групи, генерално имаат поголеми и покомплексни мозоци од грбавите китови.

Тимот од биолози тврди дека однесувањето кое покажува тага може да се јави кај животни со комплексен мозок кој функционира во општеството. Дали е тоа доволно силен доказ дека делфините навистина чувствуваат тага?

Кога станува збор за шимпанзата, утврдено е дека чувствуваат тага откако ќе го загубат ближниот. Така една женка на шимпанзо која не била спремна да ја поднесе смрта на својата мајка во танзанискиот национален парк Gombе Strim станала летаргична, одбивала храна, и после еднен месец боледување и таа починала.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.