Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Патувањето низ времето, теоретски е возможно. Не постои математичка причина зошто, машината која е замислена за патување низ времето, не би била во можност доволно да го искриви просторно-временскиот континуум за да се врати назад во времето, велат научниците.

„Луѓето го замислуваат патувањето низ времето како дел од научна фантастика и затоа сметаат дека е невозможно бидејќи никој досега не успеал да патува. Сепак, од математичка гледна точка, тоа е возможно“ вели Бен Типет, математичар и физичар од Универзитетот во Колумбија.

Имено Типет, создал нов модел на машина, и според него патувањето низ времето е математички возможно.

Типет својот модел го нарекува TARDIS (Traversable Acausal Retrograde Domain in Space – time) и со него е можно да се патува назад низ времето со поголема брзина од светлината.

Типет објаснува дека не треба да се врши стандардна поделба на просторот во три димензии со времето како одделна димензија, туку сите четири димензии би требало да се замислат симултано, во единствен просторно – временски континуум. Искривеноста на простор – времето е резултат на искривените планетарни орбити Кога просторно – временскиот континуум би бил исправен, планетите сигурно ќе се движат праволиниски.

Во близина на масивни ѕвезди, просторот и времето се искривуваат, предизвикувајќи искривување на праволиниските патеки на блиските планети, кои го следат искривувањето околу ѕвездата.

Тој се надева дека еден ден луѓето ќе посакаат да изградат вистинска машина која ќе се темели на оваа основа, бидејќи како што вели, постојат докази дека како што се приближуваме кон црна дупка, така времето сè побавно тече.

“Мојот модел на машина за патување низ времето е заснован на искривеноста на системот простор – време, каде наместо праволиниски, патниците треба да патуваат следејќи го кружниот тек на времето, кој нè враќа назад низ времето“.

Поддржете ја нашата работа: