Дали е можно враќање на цепелините? ( Видео )

Летало во облик на цепелин исполнет со хелиум што се смета за најголем авион во светот, изведе краток, но историски лет.

92-метри долгиот  „Airlander 10“, полета од аеродромот Кардингтон, 73 километри северно од Лондон.

Леталото  е комбинација од цепелин, хеликоптер и авион и  може да остане во воздух со денови.

Airlander 10“ е дизајниран да користи помалку гориво од авион, но да носи поголем товар од конвенционалните авиони. Според производителот „Hybrid Air Vehicles“, леталото може да достигне висина од 4.900 метри, брзина до 148 километри на час и да остане во воздух до две недели.

Привчно леталото било развиено од војската на САД, со намера да го користи за надгледување на Авганистан. Цепелин програмата на САД била укината во 2013 година и тогаш малата британска воздухопловна фирма „Hybrid Air Vehicles“, со планови за воведување на нова ера во воздухопловството , побарала средста од владините агенции и приватни донатори.

Големиот воздухоплов е базиран во Кардингтон каде се направни и првите  британски цепелини за време и после Првта светска војна.Таа програма била напуштена после несреќата што се случила во 1930 година , каде загинале речиси 50 луѓе , меѓу кои  и британскиот  министер за воздушен сообраќај.

cepelin

Тој инцидент, заедно со експлодирањето на цепелинот Хиндербург во 1937 година во Њу Џерси, кога загинале 35 луѓе, довеле до забрана на цепелините како начин за транспорт со децении.

За разлика од водородот, гасот кој се користел Хиндербург, хелиумот не е запалив.

Пробниот лет што бил изведен во средата (17 вгуст), првично бил планиран за неделата, но во последен момент бил одложен поради технички проблем.

После успешниот лет, производителот е убеден дека ќе има многу клиенти за цепелинот, како комерцијални, така и војни, бидејќи има потенцијал да собира податоци и да врши надгледувања со денови.

Исто така, може да носи патници и товар и до 10 тони. Компанијата планира да има и уште поголем цепелин кој ќе може да понесе и до 50 тони товар, кој ќе влезе во употреба до почетокот на 2020 година.

Извршниот директор на компанијата Стефан МекГленан вели дека воздухопловот има многу својства на хеликоптер.

„Може да овозможи воздушен  превоз на лица и стока , без да има потреба од  писта плус поевтино е и поеколошки“

Сепак, Крис Покок, одговорен уредник во магазинот за авијација „AIN“ вели дека допрва треба да се утврди дали летовите ќе бидат комерцијално исплатливи.

 Извор:Phis.org

Поддржете ја нашата работа: