Едно неодамнешно истражување потврдува дека ако премногу размислувате за одреден проблем, всушност може да го отежните неговото решавање.
Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, ја набљудувале нервната активност на луѓето кои имале за задача да научат да играат едноставна нова игра. Нормално, некои ја совладале играта брзо, а не некои им било потребно повеќе време.
Со помош на функционална магнетна резонанца (ФМРИ), тимот можел да ја види нервната активност во реално време. Како што се учела новата вештина, така и нервната активност кај „побрзата” група се менувала – од посложени невролошки шеми кон поорганизирани и поедноставни шеми. Активноста на „побавната” група подолго време останала комплексна, а лицата имале потешкотии да ги научат правилата на играта.
Наодите, објавени во онлајн списанието „Nature Neuroscience“, претставуваат едно ново ниво на увид во она што се случува во мозокот кога учиме нешто ново. Мозокот всушност врши реорганизација на нервната активност.
Скот Графтон, професор на универзитетот и водечки истражувач, објаснува: „Кога започнувате со учење на нови вештини, на пример свирење на музички инструмент, вашиот мозок користи многу различни алатки во очајнички обид да се произведе нешто налик на музика. Со време и пракса, потребни се помалку алатки и основни моторни области. Она што нашата лабораториска студија покажува е дека покрај праксата, некои од овие когнитивни алатки, всушност, може да се манипулираат за полесно понатамошно учење”.