Според едно истражување од 1995 година, објавено во „The Journal of Clinical Psychiatry“, 91% од лицата кои учествувале во истражувањето признале дека си чепкаат во носот. Техничкиот термин за чепкањето во носот и потоа конзумирањето на извадениот мукус, или слуз, е мукофагија, а верувале или не постои и опсесивно-компулсивно нарушување познато како ринотилексоманија, или опсесивно чепкање во носот.
Покрај тоа што овој чин се смета за некултурен и непријатен, дали е опасен по здравјето?
Научниците објаснуваат дека слузот, односно мрсулите имаат неколку важни улоги. Кај ‘рбетниците се вискозни и лепливи за да ги заробуваат прашината, поленот и другите патогени во синусите и да ги спречат да не дојдат до белите дробови каде што можат да предизвикаат пневмонија или други сериозни инфекции. Истражувањата покажале дека слузот има улога и во нашето сетило за мирис. Научниците веруваат дека помага при закачувањето на молекулите на рецепторите за мирис. Едно истражување од 2010 година дури вели дека ни помага да ги разликуваме миризбите. При истражувањето, глувците со неактивен слуз не можеле да ја идентификуваат целта според мирисот.
За слузот да може да го прави сето ова, треба да остане влажен, односно исполнет со вода. Тоа го постигнува на тој начин што е обложен со олигосахаридни молекули, кои се еден вид на шеќер и токму поради тоа може да бидат прилично слатки. Но, тоа сепак не значи дека треба да ги јадете.
Но, доколку ги јадете, треба да знаете дека тие не се ниту корисни, ниту штетни. Единствениот потенцијален ризик е тоа што додека го чепкате носот може да ја оштетите деликатната слузокожа во внатрешноста на ноздрите, што може да доведе до инфекција.
Во секој случај не постои човек што не јаде мрсули и за истото ретко кој е свесен
За време на настинките кога нашиот нос произведува мрсули тие се слеваат преку задните синуси во грлото при што често големи количини стигаат во стомакот.