Дали Кина ја изгуби контролата врз својата вселенска станица?

Додека погледот на светот беше свртен кон минатонеделното лансирање на втората по ред вселенска станица на Кина во орбитата, се чини дека нацијата тивко призна дека загубила контрола на својот прв ваков модул на вселенска станица.

На прес-конферецијата одржана минатата недела во пресрет на лансирањето на вселенската лабораторија „Tiangong–2“, кинески официјални лица потврдија дека нејзиниот претходен прототип, наречен „Tiangong–1“ ќе падне во атмосферата на Земјата некаде во втората половина на 2017-та година.

Додека веројатно нема потреба за паника – бидејќи „Tiangong–1“ најверојатно ќе изгори кога повторно ќе влезе во атмосферата на нашата планета – ова објавување се смета за задоцнета потврда на она што некои од вселенската заедница веќе долго време се сомневаа: дека Кина всушност ја изгубила контролата на вселенската станица.

Ву Пинг, заменик-директорот на Кинеската канцеларија за вселенско инженерство изјавил за медиумите на прес-конференцијата минатата недела дека вселенскиот модул, кој бил лансиран во септември 2011- тата година „сеопфатно ја исполнил својата историска мисија“, како што и првично бил наменет да работи во вселената две години.

Вселенската станица, дизајнирана како мала модуларна компонента способна да се прикачи на вселенско летало – е се’ уште недопрена и орбитира околу Земјата на далечина од 370 километри (230 милји) – вели Ву.

Но, таа далечина сега се намалува, и кога ќе дојде во контакт со горниот дел на атмосферата на Земјата кон крајот на следната година, ќе избувне во пламен и ќе се уништи.

„Врз основа на нашите пресметки и анализи, повеќе делови од вселенската лабораторија ќе изгорат при паѓањето“ – изјавува Ву, објаснувајќи дека има мали шанси за некои фрагменти да предизвикаат штета на Земјината површина или прекинување на воздухопловните активности. Кина ќе го следи финалниот пад на „Tiangong–1“ и во случај на некаков можен опасен судир со Земјата, ќе издаде меѓународно предупредување.

5784b941789e8_spacestation1

Сепак, според овие изјави не е јасно дали се работи за управуван пад, или пак, ова е само доцно признание дека модулот е надвор од контрола. Според двосмисленоста на јзикот поверојатно е да станува збор за вториот случај, како што објаснува Ејвори Томпсон за „Popular Mechanics“:

„Под нормални услови, деактивираниот сателит или вселенска станица е принуден да изгори во атмосферата. Овој тип на изгорување е контролиран и се планира да изгори над океанот за да се избегне загрозување на луѓето. Но, се чини дека Кинеската вселенска агенција не е сигурна кога точно „Tiangong–1“ ќе навлезе во атмосферата, што ни сугерира дека станицата е некако оштетена и Кина не е повеќе во можност да ја контролира“.

Така, невозможно е да се знае точно кога и каде ќе паднат остатоците од „Tiangong–1“, што значи дека се’ уште постои шанса, иако многу мала, за остатоците да удрат во населени области.

Оваа ситуација ќе мора да се следи, бидејќи во моментов, се додека Кина не сподели повеќе факти, не можеме да кажеме ништо повеќе со сигурност.

Поддржете ја нашата работа: