Дали конечно дојде времето на пластични соларни ќелии?

 Соларните ќелии на полимерите се деликатна мешавина од полимер-донор и фулерен-акцептор. Ќелијата се создава на тој начин што се додава растворувач на полимерот и фулеренот додека мешавината не стане течност, а потоа тенок слој од течноста се нанесува на некоја површина. Како што растворувачот испарува, тенкиот слој се зацврстува и материјалот од донорот ќе се стврдне во мали подредени „грутки“ поврзани со други молекули на донор, со акцепторот околу нив. Моментално, најефикасните соларни ќелии се произведени со користењето на само еден од два различни фулерени.


Научниците претходно ја проучувале морфологијата на соларните ќелии и откриле дека големината на „грутките“ во слојот на донорот и агрегацијата, односно интеракцијата помеѓу соседните молекули во слојот, се главните двигатели на ефикасноста на соларните ќелии.

Во сегашното истражување, научниците покажуваат дека големината и агрегацијата зависат од температурата. Иста така, покажуваат дека може да се постигне ефикасност до 10.8% со заменувањето на голем број фулерени.

Откако виделе како температурата влијае на агрегацијата и морфологијата на овие соларни ќелии, хемичарите си земале поголема слобода да си поигруваат со различните хемиски соедниненија во активниот слој и демонстрирале ефикасност од 10% кај преку 10 различни мешавини и тоа кај подебели слоеви. Што значи, овие соларни ќелии можат да бидат компатибилни на постоечките поевтини методи за масовно производство, наместо оние поскапите кои моментално се користат поради контролата на дебелината.

Со други зборови со резултатите од ова истражување се овозможува производство на соларни ќелии од пластична фолија со користење на машини и технологија слична на онаа што се користи во печатниците за печатење на весници , само сега наместо хартија и мастило ќе се користат пластична фолија и некоја хемиска мешавина.

Научниците се надеваат дека овие откритија ќе им овозможат и на другите научници да експериментираат со различни полимер-фулерен мешавини, со што уште повеќе ќе ја зголемат ефикасноста на соларните ќелии, а ќе ја намалат нивната цена со што соларните ќелии би биле остварлив алтернативен извор на енергија.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислувањекај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни!

 

Поддржете ја нашата работа: