Патувањето во вселената пловејќи илјадници милји над Земјата не е едноставно. Тоа е стресно и застрашувачки. Зошто тогаш астронаутите не смеат да си дозволат еден смирувачки пијалок пред спиење, се прашува Брајан Луфкин, новинар од Би-Би-Си. Конзумирањето на алкохолни пијалоци, имено на астронаутите им е строго забрането.
Прашањето за алкохолот во вселената е доста комплексно. Постои едно широко верување дека доколку пиеме на поголема надморска височина, побрзо ќе се опиеме. Според тоа, логично е да се претпостави, дека пиењето на алкохол високо во орбитата може да има екстремно влијание врз човечкиот организам, но тоа е само хипотеза.
Всушност постојат докази за да се побие тој мит. Една студија од 1985 година, проучувала колку алкохол, кога се конзумира во симулитани услови на надморска височина, влијае на способноста за обавување на комплексни задачи. Во студијата учествувале 17 мажи кои биле замолени за испијат по една доза водка, најпрво на земјата, а после во комората во која се симулирани условите од 2.7 километри височина.
По испивањето на алкохолот, им било наложено да пробаат да решат низа логички и физички задачи. Студијата конечно заклучила дека не е пронајдена никаква поврзаност помеѓу ефектот од алкохолот и висината, ниту на успешноста во извршувањето на задачите, ниту на резултатите од тестот на здивот.
Дали ова значи дека теоријата дека полесно се опиваме на поголема височина е само мит? Дејв Хенсон, професор по социологија на Државниот Универзитет во Њу Јорк, кој 40 години се занимава со истражување на алкохолот, тврди дека е мит.
“Не можам да замислам дека конзумирањето на алкохол во универзумот, е на било кој начин со поинаков ефект, но секако имитира поспаност и интоксикација,” вели тој.
Луѓето кои тврдат дека во авион, на пример, побрзо се опиваат, можеби доживуваат ефект на замислено пијанство, кој Хенсон го истражува со години. Овој ефект, Think-drink, е термин кој ја објаснува појавата кога луѓето се однесуваат опиено кога се уверени дека се пијани, без оглед на тоа колку алкохол имаат испиено.
Но зошто астронаутите не пијат ако алкохолот нема некој посилен ефект врз нив? Даниел Г. Хоут вели дека забраната е од практични причини. „Консумирањето на алкохолот строго се контролира поради влијанието кое може да го има на системот за обновување на водата на вселенската станица“, вели тој.
На астронаутите не им е дозволено да користат било какви производи кои содржат алкохол, како што е на пример лосионот за после бричење и другите хигиенски препарати. Тука, секако станува збор и за одговорност. И на возачите и на пилотите не им е дозволно да пијат и да управуваат со возилото, па не е изненадување што алкохолот е забранет и за астронаутите кои се опкружени со опрема вредна милијарда долари.
Всушност, никој досега не истражувал како човечкото тело ќе реагира на алкохол во вселената. „Ние ги истражуваме различните начини на кои телата на астронаутите на микробиолошки ниво се менуваат во вселената. Имаме доста детална програма за исхрана која обезбедува нивните тела да го добијат сето она што им е потребно“, вели Стефани Шиерхолц од НАСА.
Сепак, првата течност која човек ја испил на месечината, била вино. Баз Олдрин во многу интервјуа кажал дека тој и Нил Армстронг се напиле малку вино пред да стапнат на површината на Месечината во 1969б година. И додека НАСА има доста строги правила околу алкохолот во универзумот, Русите во минатото биле доста поопуштени. – космонаутите од вселенската станица „Мир“ можеле да пијат мали колични коњак и водка.