Дали коските се распаѓаат?

skull and bones

После смртта, сите организми се подложни на распаѓање.

На процесот на распаѓање се подложни сите органски материи и додека секој организам се распаѓа на различен начин, во основа се работи за ист концепт.

Иако некои луѓе мислат дека коските никогаш не се распаѓаат, тоа се разбира не е точно (инаку планетата би била затрупана од коски). Сепак, додека меките ткива се распаѓаат релативно брзо, коските имаат импресивна моќ да се одржат многу долго време. За да се разбере зошто е толку различно распаѓањето на коските, треба да се погледне самиот процес на распаѓање.

За да се рециклираат органските материи, преку хемиски процеси организмите се разложуваат до поедноставни форми кои ќе можат да се апсорбираат и повторно да се искористат од екосистемот. На овoj процес после смртта е подложно сѐ што е живо.

carbonoxygen-cycle-14-638-1

Телата можат да се распаднат на два основни начини – преку физичко/хемиски процеси или преку други живи организми кои ги разложуваат ткивата. Брзината на распаѓањето зависи од многу фактори, меѓу кои и температурата, влажноста, присуството на инсекти, изложеноста на воздух, киселоста на почвата, како и од многу други променливи фактори.

Процесот на распаѓање на коските не e многу различен од останатите ткива. Коските, како и останатите ткива, содржат крвни садови и нерви. Колагенот сочинува голем дел од коските, кој повеќе создава цврст порозен матрикс отколку компактна структура, па оттука, истите физички, хемиски и биолошки процеси кои вршат распаѓање на другите ткива, се одговорни и за рапаѓањето на коските.

Ако телото е изложено на вода, инсекти, воздух или многу кисела почва, тоа им овозможува на бактериите и габите да навлезат во таа порозна мрежа и да го извечат колагенот во коските што предизвикува распаѓање, а со текот на времето и претварање на коските во прав. Доколку пак телото е закопано во топла и сува средина, што ги оневозможува бактериите и габите да преживеат, класичниот процес на распаѓање може да биде одложен долго време. Во влажна средина, коските може да се распаднат во текот на неколку децении или помалку, но во сушно подрачје, овој процес може да се одвива и стотици години.

shutterstock_237963190

Може ли коските воопшто да не се распаднат?

Некои коски успеваат да останат „бесмртни“- како оние што може да се видат во музеите. Фосилите се коски кои биле многу брзо затрупани со седимент, со што потполно е исклучено присуството на воздух, оневозможувајќи на тој начин и да настане распаѓањето. Ова се случува при вулкански ерупции и други слични катастрофи кога доаѓа до поместување на огромни количини на седимент во земјата.

Само екстремно мал дел од организмите успеваат да фосилизираат и дури тогаш ги нарекуваме „коски“, иако тоа всушност не е случај. Фосилите биле коски кои никогаш не се распаднале, но со време минералите од околниот материјал ги заменуваат клетките претворајќи ги во карпа. Па кога се зборува дека се ископани коски од диносаурус после милиони години, всушност се работи за ископување на прастари карпи прецизно обликувани како што биле некогаш и оригиналните коски.

shutterstock_287336831

Коските кои цели илјадници години останале без реминерализација (процес кој ги претвора коските во фосили) се многу ретки, а најстарите што се откриени се стари приближно 90.000 години и се пронајдени во северниот регион од пустината Сахара. Најпознатите примери на прастари коски кои останале цели потекнуваат од Египет каде со мистериозните техники на мумификација е постигнато во некои случаи да се спречи распаѓањето на коските.

Значи, коските се распаѓаат, само што тоа се случува поспоро од другите типови на органски материјали и ткива. Врз основа на тоа како на нив делуваат многубројните внатрешни и надворешни фактори, коските можат да останат цели од неколку месеци, па до неколку геолошки периоди, но сепак ништо не трае вечно. Дури и фосилите и мумиите на крај ќе се претворат во прав, иако можеби ќе поминат милиони години пред тоа да се случи.

Поддржете ја нашата работа: