Упорната, иритирачка и понекогаш сува кашлица може со денови да нѐ мачи во сезоните на грипот и настинките. Постојано се обидуваме да го очистиме и ослободиме грлото, но со тоа кашлицата само се влошува. Во ваквите случаи, голем број на луѓе посегнуваат по сирупите против кашлица, за да го спречат рефлексот за кашлање и да ги ослободат дишните патишта од слузта.
Но, дали овие лекови навистина делуваат?
Во видеото „Дали лековите против кашица навистина делуваат“, Америкасното хемиско здружение објаснува дека кашлицата претставува природен рефлекс со кој се чистат дишните патишта од се што не припаѓа таму. Штом некој иританс ќе се најде во нашиот нос или уста, рецепторите во дишните патишта испраќаат сигнали до мозокот, со што се вклучува алармот. Пораката потоа се испраќа до дијафрагмата и наеднаш почнуваме да кашламе и тоа со брзина и до 80 км/ч.
Во овие случаи би требало да помогнат средствата против кашлица. Лековите против кашлица (антитусици), како што е декстрометорфан или „DXM“ (dextromethorphan) се наменети да го спречат рафлексот за кашлање и можат да предизвикаат поспаност. Лековите за искашлување (муколитици), како „guaifenesin“, се користат да ја ослободат и разредат слузта во белите дробови за да може полесно да се исфрли од дишните патишта. Деконгестивите, како епинефринот ја намалуваат затнатоста, преку стеснување на крвните садови во носот, додека антихистаминиците, како лоратадинот, го намалуваат отокот во носот и грлото и го редуцираат количеството на лепливата слуз што се лачи во белите дробови кога имаме алергија.
Сепак, постојат многу малку докази дека сирупите се ефикасен лек против кашлицата. Резултатите на 15 од вкупно 19 анализирани истражувања покажале дека од нив нема никаква корист, или добиените резултати се контрадикторни. И во една друга ревизија се добиени слични резултати: истражувачите велат дека „нема валидни докази за или против ефикасноста на лековите за кашлање кај акутната кашлица“. Нема гаранција дека сирупот за кашлање ќе ни помогне околу кашлицата, иако може да ни овозможи подобар сон.
Земањето поголеми дози од „DXM“ може да предизвика вртоглавица, неконтролирано движење на очите, конвулзии, па дури и смрт, а особено е опасен за децата. Наместо да испиете шише сируп за кашлање, во повеќето случаи, со кашлицата ефикасно може да се справите со неколку природни, лесно достапни и релативно евтини природни лекови. Меѓу нив спаѓаат:
Мед
Медот може да биде многу ефикасно средство за третман на проблематичната кашлица. Едно истражување од 2007 година, објавено во „Archives of Pediatrics and Adolescent Medicine“, покажува дека мали количини на мед од елда пред спиење, доведува до олеснување на ноќната кашлицата и овозможува подобар сон кај децата, отколку состојките што ги содржат сирупите за кашлање.
Сладунец
Хемикалиите што ги содржи сладунецот се смета дека го намалуваат отокот, го разредуваат секретот, ја намалуваат кашлицата, па дури и ги зголемуваат хемикалиите во телото кои учествуваат во лекувањето на улцерите. Ова претставува традиционален лек за кашлица, астма и болно грло. Сладунецот делува како експекторанс и има смирувачко дејство врз иритираната слузница.
Чоколада
Иако ова звучи премногу добро за да биде вистина, сепак состојките во какаото навистина имаат лековито дејство. Едно истражување од 2012 година покажува дека природната хемикалија теобромин може да ја излечи кашлицата ако се зема два пати дневно, во тек на две недели. Теоброминот, алкалоид што го содржи какаото, поефикасно ја запира кашлицата од кодеинот—стандардна состојка во лековите за кашлање.
Алкохолни пијалоци
Според книгата „Дезинфекција, стерилизација и заштита“, јаките алкохолни пијалоци се корисни во борбата против инфекциите и во запирањето на растот на микроорганизмите.
Исто така, се поврзуваат и со поретки настинки, освен кај пушачите. Резултатите од истражувањата во врска со ефектите на алкохолот врз воспаленијата и имунолошкиот систем сѐ уште се различни, но во умерени количини малку е веројатно дека ќе предизвика било какви негативни ефекти врз имунитетот.