Дали мажите се подобри математичари од жените?

Жените, од друга страна, поточно ја проценуваат својата аритметичка моќ, вели Шејн Бенч од Државниот Универзитет во Вашингтон, водач на истражувањето објавено во „Sex Roles“.

Постои голема разлика помеѓу бројот на мажи и жени кои се одлучуваат да студираат и да основаат кариера во т.н. матични области на науката, технологијата, инженерството и математиката, иако жените постигнуваат подобри резултати на математичките тестови во основно училиште, отколку мажите. Истражувањето на Бенч испитува како предрасудите на луѓето и нивното претходно искуство за своите математички способности, прават тие помалку или повеќе да размислуваат за продолжување на образованието поврзано со математика, или пак започнување на кариера.

Биле спроведени две истражувања. Во едното учествувале 122 ученици, а во другото 184 лица. Тие најпрво решавале тест по математика, а потоа ги погодувале своите резултати. Во првото истражување, учесниците ги добиле своите резултати и потоа требало повторно да решат уште еден тест и да ги предвидат своите резултати. Во второто истражување, учесниците не си ги знаеле резултатите што ги постигнале, а биле прашани за својата намера да продолжат со изучување на математиката или започнување на кариера во таа област.

Резултатите покажале дека мажите ги преценувале, а жените точно ги проценувале своите математички способности. Откако учесниците во првото истражување ги добиле своите резултати, мажите поточно ги процениле резултатите од вториот тест. Второто истражување покажало дека мажите сметале дека имаат поголем талент за математика и поради тоа имале поголема веројатност да се образоваат и да основаат кариери на тоа поле.

„Разликите во однос на полот во науката, технологијата, инженерството и математиката не значи дека се резултат на тоа што жените ги потценуваат своите способности, туку дека мажите ги преценуваат“, објаснува Бенч. Тој исто така открил дека жените кои имале позитивно претходно искуство со математика ги оценувале своите резултати како повисоки отколку што навистина биле. Ова ја нагласува вредноста на позитивното поттикнување на жената за математика, особено на рана возраст.

„И покрај претпоставките дека реализамот и објективноста се секогаш најдобри при оценувањето на себе си и при донесувањето на одлуки, позитивните илузии за математичките способности може да се корисни за жените кои започнуваат кариера“, вели Бенч. „Таквите позитивни илузии би можеле да ја заштитат самодовербата на жените и да доведат до тоа жените да продолжат со образованието во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, притоа подобрувајќи си ги своите вештини“.

Поддржете ја нашата работа: