Без кои органи може да се живее ?

За да водиме нормален и пријатен живот, потребни ни се сите органи и треба да се потрудиме да ги одржуваме здрави. Иако не ги гледаме и не ги чувствуваме, тие се оние кои не одржуваат во живот. Но, понекогаш, најчесто поради болест, е потребно нивно отстранување, па сигурно некогаш сте се запрашале што се случува во тој случај. Дали е возможно да се преживее без некој внатрешен орган?

ПредходнаСледно

11 Слезина

Овој орган е дел од имунолошкиот систем кој ја проверува крвта, да не дојде до контаминација. Поради рак или одредени имунолошки заболувања, слезината може да биде отстранета, па во тој случај нејзината работа ја преземаат други органи, како црниот дроб. Тоа значи дека може да се живее без слезина, но со поголем ризик од инфекции поради што е потребна редовна вакцинација.

1. Слезина

22 Бубрези

Бубрезите делуваат како филтер кој ја прочистува крвта од нечистотиите. Но, некои луѓе се раѓаат само со еден бубрег, некои мораат да го отстранат поради болест, а други го донираат на некој на кој му е потребен. Со други зборови, прилично е нормално да се живее со еден бубрег. Верувале или не, возможно е да се живее и без бубрези, но во тој случај е потребна редовна дијализа при која се прочистува крвта со помош на машина.

2. Бубрези

33 Жолчка

Овој орган помага во дигестијата на храната преку излачување на жолчни сокови. Понекогаш, супстанците во жолчката кристализираат и формираат камења, кои во повеќето случаи не предизвикуваат никаква штета, но доколку блокираат некој канал може да предизвикаат интензивна болка. Доколку ситуацијата се влоши, би било потребно хируршко отстранување на жолчката. Во тој случај, црниот дроб ги турка соковите директно во цревата и може да се живее нормален живот, но со избалансирана исхрана.

3. Жолчка

44 Желудник

Верувале или не, целиот желудник може хируршки да се отстрани, најчесто поради рак. Во тој случај, хранопроводникот се пренасочува на тенкото црево и тенкото црево ја врши неговата функција. Но, доста често потребни се инјекции со витамин Б12, бидејќи тенкото црево не го апсорбира лесно овој витамин. Освен ова сите други функции си продолжуваат нормално.

4. Желудник

55 Бели дробови

Секој човек има две белодробни крила. Но, може да се живее и само со едно, бидејќи тоа би се проширило за да го надополни капацитетот. Се разбира, би постоело разлика во стилот и капацитетот на дишење, па така лицата со само едно белодробно крило би требало да бидат внимателни, особено при напорни вежби.

5. Бели дробови

66 Репродуктивни органи

Лицата на кои овие органи им се хируршки отстранети живеат сосема нормален и здрав живот, но се разбира без можност за оплодување. Но сепак, жените со отстранета матка, а здрави јајници, може да донираат јајце клетки за сурогат мајчинство.

6. Репродуктивни органи

77 Слeпо црево

Овој атрофиран орган е сместен во близина на дебелото црево. Со текот на еволуцијата ја загубил својата функција, па така неговата улога во човечкото тело е нејасна. Лицата кои хируршки ќе го отстранат, немаат никакво влијание на секојдневниот живот.

7. Слeпо црево

88 Црн дроб

Често, црниот дроб се поистоветува со феникс кој се издигнува од пепелта, бидејќи има огромен потенцијал за обновување. Од таа причина, докторите често трансплантираат само дел од црниот дроб од здраво лице, во телото на пациент чиј црн дроб не функционира доволно добро и потоа, по одреден временски период и двете лица имаат комплетно обновен и целосно функционален црн дроб.

8. Црн дроб

99 Срцеви залистоци

При оштетување поради срцев удар или некои срцеви заболувања, срцевите залистоци може да се заменат со вештачки вентили, кои ја пумпаат крвта низ телото. Често, како замена се користат и срцевите залистоци од починатите лица или свињи.

 

9. Срцеви залистоци

1010 Мозок

Овој орган ги контролира сите наши активности, но кај одредени лица кои страдаат од мозочни удари е потребно отстранување на едната хемисфера. Децата кои се подложени на оваа операција имаат целосна шанса за опоравување и водење на нормален живот, но кај возрасните последиците не се така пријатни. Иако е возможен живот, тој и не е баш пријатен со оглед на тоа дека доколку е отстранета десната страна од мозокот, лицата нема да можат да ја користат левата рака и нема да гледаат со левото око.

10. Мозок
ПредходнаСледно