Дали мозокот предвидува судбина ?

Основната идеја е да се користат неинвазивни слики со цел да се погледне во структурата или функцијата на мозокот, како начин на предвидување на идното однесување, а  потоа предвидувањата да се користат при различни третмани и едукации, а можеби и одлуки во врска со помилување или понатамошно лекување на криминално однесување. Овој концепт покренува многу прашања, вклучувајќи  ја технологијата, состојбата и крајната линија на истражувањето, како и етички грижи.

Основното прашање на овој потфат е „до кој степен анатомијата ja покажува судбината“?

Технологијата

Постојат два основни начини да се погледне во мозокот за да се утврди неговиот функционален потенцијал во однос на специфични задачи (како што се читање, импулсивност, тенденција кон депресија, итн.). Првиот е да се погледне во анатомијата независно од моменталната задача која се извршува. Во суштина овој пристап се користи МНР скенирање за мерење на дебелината или вкупниот обем на региите со сива материја или патеките на белата материја. Ако, на пример, „кабелот“ кој ги поврзува двете области одговорни за јазици е подебел, може да индицира поголема способност за учење нов јазик или подобрување на вештините за читање.

Предноста на овој пристап е тоа што технологијата е многу сигурна и прецизна. Ова е само физичко мерење.

Вториот пристап е да се погледне во мозочната активност за време на вршење одредена задача. Постојат неколку опции за овој пристап: ФМРИ скенирање (кој го мери протокот на крв)  и има добра просторна резолуција, но лоша временска резолуција, додека гледањето на електричната или магнетната  активност преку ЕЕГ има подобра временска, но полоша просторна резолуција.

Земени заедно, овие техники се релативно нови и моќни  алатки за транспарентност на мозочната анатомија и функција. Тие се доволно детални за да бидат корисни, но се’ уште има значителни ограничувања.

Идни истражувања и апликации

Овие техники имаат поголема стапка на предвидување, од  досегашните стандардни тестови. Неверојатна корисност би имале во образованието и медицината.

Сепак, сè уште  сме години далеку од практична примена.  Тука е и етиката на гледање на мозокот со цел одредување на идни резултати. Кривично треба да се негира помилување на лицето доколку мозокот покаже ниска контрола на импулсивност, која би значела поголема веројатност за повторување на делото. Уште една грижа е помислата дека луѓето би сакале да го користат мозокот како „магична топка“, за да ја предвидат својата иднина.

Како и да е, наспроти сите придобивки и ограничувања, се работи за моќна алатка која започнува нова ера во разбирањето на мозокот и психологијата на човековото однесување.

Поддржете ја нашата работа: