Постојат лекови кои не се земаат орално, бидејќи ако не се земаат во форма на инјекција, тие нема да делуваат. Школски пример на таков лек е инсулинот.
Тоа е така бидејќи инсулинот по состав е биомакромолекула протеин. Кога ќе се внесе во дигестивниот систем, протеините потоа се разградуваат на неактивни компоненти кои немаат никаков лековит ефект.Токму затоа таквите лекови мораат да се вбризгаат со игла.
За таа цел, на Хрвард и МИТ, осмислиле неверојатен концепт на инјекција која не боли. Имено, лекот, сместен во микропилула е со големина на зрно од грашок. Таа во желудникот самостојно се поставува во положба за примена на лекот, а потоа автоматски се активира.
Гастричната мукозна мембрана (гастричен ѕид) не е снабдена со нервни влакна за болка. Затоа кога нас не боли стомак, не боли мускулниот дел од желудникот, туку неговата надворешна обвивка обогатена со нерви.
Натаму, затоа убодот од микроинјекцијата е безболен. Таквата безболна инјекија може да испорача лековита супстанца која инаку не би го “преживеала” патот до киселата околина на желудникот и дигестивните сокови во цревата.
Во статијата, објавена во научното списание Science, научниците објавиле детали од прототип на “инјекциска пилула”. Добиле позитивни резултати од тестовите, кои биле спроведени на желудници од свињи, во кои тимот им давал инсулин во пилула.
Иако истражувањата сеуште се во позадина, досегашните резултати укажуваат на тоа дека таквата инјекција во пилула би можела да се примени и на луѓе.
Во тестовите, направени на свињи, инјекциската пилула успешно го вбризгувала инсулинот во желудечниот ѕид, дури и кога научниците ги легнувале и вртеле животните.
Нивото на шеќери во крвта на свињите после секоја примена било намалено, со што се докажува делотворноста на таквата испорака на инсулин.