Често се зборува дека социјалните медиуми, а особено Фејсбук, може да ги кооптира мозочните кола вмешани во зависноста од дрога. Но, според најновото истражување, „зависноста“ од Фејсбук не само што се разликува од зависноста од дрога, туку и е многу ретка појава.
„Секоја апликација која овозможува променливи, силни награди и е редовно достапна претставува потенцијална зависност”, вели д-р Олиф Турел, професор на Државниот универзитет во Калифорнија. Со социјалните медиуми, потребата да видите што постираат пријателите ја охрабрува редовната употреба.
Меѓутоа, новото истражување проценува дека мал дел, 0,7% до 11% од луѓето се под „силно влијание” од тенденции на зависност околу употребата на интернетот. И меѓу оние со симптоми на зависност, само некои мозочни промени се слични на оние кои се јавуваат кај зависници од дрога.
Tурел и колегите го испитувале мозокот на 20 корисници на Фејсбук на возраст меѓу 18 и 23 години. Корисниците биле замолени да пополнат прашалник за зависност од Фејсбук (во кој биле вклучени прашања за симптоми како што се повлекување и анксиозност) и да реагират на Фејсбук стимули и на неутрални стимули, како што се семафорите.
Со ФМРИ технологија, биле снимени мозочните реакции за време на двата вида стимули.
Корисниците кои имале повисок скор на прашалникот, за време на Фејсбук стимулите покажале мозочни активности слични на оние кај зависноста од дрога, имено региите поврзани со импулсивноста -амигдалата и стратумот. Но, за разлика од зависниците од дрога, корисниците на Фејсбук немале промени во региите одговорни за инхибиција.
Оние кои развиваат зависно однесување може да се соочат голем број на здравствени негативни последици.
„Ваквите зависности” може да резултираат со академски неуспех, несоница, социјална изолација, здравствени проблеми и многу други пречки за адолесцентите и младите. Тие, исто така може да резултираат со намалување на ефикасноста на работата и брачен раздор кај возрасните.