Дали повозрасните се подобри мајки?

Психолошката зрелост на мајките има позитивно влијание врз развојот на детето, покажува истражување спроведено на данскиот Универзитет Архус, а објавено во списанието European Journal of Developmental Psychology.

Исто така езултатите покажуваат дека е помала веројатноста постарите мајки да ги казнат децата во текот на растењето и дека нивните деца на возраст од 7 до 11 години имаат помалку социјални и емоционални потешкотии.

Истражувачите ги тестирале односите помеѓу 4.741 мајки и нивните деца, а истражувањето покажало дека придобивките од постарите мајки се видливи сè до адолесцентскиот период.

Децата на постарите мајки се покажале како вербално и социјално поспособни од нивните врсници чии мајки се млади, без оглед на социјалниот статус, образованието и другите слични фактори.

„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со годинитe, потолерантни се кон другите и емоционално позрели. Овој начин на родителство може да придонесе за повеќе позитивна псхиосоцијална околина која влијае на одгледувањето на детето“, вели авторот на студијата, Дион Сомер.

Студијата исто така покажала дека постарите жени напредуваат подобро на почетокот на мајчинството бидејќи се помалку загрижени, имаат попозитивен став за родителството и за децата.

Психологот Дион Сомер истакнува и дека постарите мајки подобро им даваат на децата рамнотежа на слободата и јасни граници. Наспроти тоа, помладите мајки биле склони кон попустливост, но и покажале помалку толеранција кон своите деца.

Сомер објаснува дека постарите мајки се потолерантни и подобро се справуваат со стресот.

Иако во ова истражување не е наведена точната возрасна граница за постари мајки, слични истражувања ги дефинира како жени кои имаат над 35 години.

 

 

Поддржете ја нашата работа: