Дали раковите чувствуваат болка?

Сето тоа предизвика реакција и кај истражувачите кои решија да направат неколку истражувања за да утврдат дали раковите чувствуваат болка. „Тоа не е толку лесно како што звучи“, вели Роберт Елвуд, пензиониран професор за однесување на животните. „Болката е субјективно искуство и не е лесно да се измери“.

Повеќето животни имаат едноставни рефлекси кои ги оддалечуваат од нештата кои може да ги повредат. Но, свесното искуство на болка е нешто сосема различно. Истражувачите сакале да утврдат дали раковите реагираат надминувајќи ги тие основни рефлексни реакции, па така истражувале како тие реагираат на стимули.

Нивното истражување покажало дека раковите од видот „Carcinus maenas“ реагираат на електрични шокови и потоа се обидуваат да ги избегнат, како на пример се кријат во текот на целиот ден или се засолнуваат се додека не е безбедно за повторно да излезат. Кога истражувачите им дале електрошок и во нивното засолниште, тие го менувале и потоа го избегнувале истото.

Истражувачите исто така откриле дека раковите од фамилијата „Paguroidea“ биле подготвени дури и да ја напуштат својата школка, во зависност од интензитетот на електричниот шок.

„Можам да кажам дека речиси сите екперименти се во согласност со идејата за болка. Подетални истражувања не можат да се направат. Па дали тие навистина чувствуваат болка и каква е природата на таа болка е тешко да се каже“, вели Елвуд.

Други научници, меѓу кои и Пол Харт, професор по биологија на Универзитетот во Лестер, се убедени дека животни со толку прост нервен систем не може да чувствуваат болка исто како и посложените животни.

Всушност, тоа не е ни толку битно. Најдобро е да ги третираме животните на најдобриот можен начин. Не постои начин за научно да се демонстрира дали раковите, рибите, па дури и мајмуните чувствуваат болка на истиот начин како и ние. Кога веќе не сме сигурни во тоа, можеме барем да се потрудиме да не им ја нанесуваме.

Поддржете ја нашата работа: