Дали растенијата се интелигентни суштества?

Растенијата немаат очи, немаат уши, немаат ни мозок, а сепак можат да преживеат и некои научници сметаат дека можат и меѓусебно да комуницираат. Ова е главната тема во „Brilliant Green“ од Стефано Манкузо и Алесандра Виола и во „Plant Sensing and Communication“ од Ричард Карбан.

Тие велат дека растенијата се паметни, но за да го забележиме тоа треба да ги совладаме нашите вкоренети културни предрасуди. „Доколку ги прашате децата што е разликата помеѓу растенијата и животните, тие ќе ви речат дека растенијата не се движат, или дека не прават ништо“, вели Карбан.

Манкузо и Виола не потсетуваат дека до неодамна, западната медицина го користеше терминот „вегетативна состојба“ за опис на луѓето кои ја изгубиле свеста или способноста да мислат. Јасно е тоа дека никогаш нема да играме шах со една роза, или пак да побараме совет од орхидејата нa прозорецот, но токму и во тоа е проблемот. Луѓето ја дефинираат интелигенцијата во однос на нервниот систем и брзината (на мускулите) која овозможува работите да се направат брзо, истакнуваат тројцата автори.

Растенијата и животните се соочуваат со слични предизвици – да најдат ресурси и партнери, да ги избегнат предаторите, патогените и абиотските стресори. Како резултат на тоа, растенијата комуницираат, меѓусебно си сигнализираат и разменуваат информации со други организми. Тие имаат адаптивни одговори, кои кога би се случувале со брзина која луѓето би ја разбрале, несомнено би ги сметале за брилијатни во поглед на решавањето на егзистенцијалните проблеми.

Не земајќи ги предвид добро познатите експерименти за влијанието на вибрациите, музиката или човечкиот глас на растот на растенијата, Карбан и Манузо се обидуваат да најдат научно ригорозни докази за интелигенција. Карбан го проучува имунолошкиот одговор на ратенијата на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, а Манкузо работи во Меѓународната лабораторија за невробиологија на растенијата, на Универзитетот во Фиренца, Италија.

„Brilliant Green“ и „Plant Sensing and Communication“ ја комбинираат страста за растенијата и желбата да се илустрира нивната комплексност како суптилни, свесни, стратешки суштества чии животи се вклучени во чувствителноста на животната средина на различен начин од популарната имагинација. Се работи за интелигенција, но не онаква каква што ја знаеме.

Во продолжение, погледнете го видеото во кое професорот ги објаснува неговите ставови на оваа тема

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt