Дали се менува мозокот на жената после породувањето?

Повеќето жени признаваат дека нешто се случува со нивниот мозок за време на бременоста – од пропуштање на прегледи кај докторот до заборавање на сопствениот телефонски број. Научниците велат дека тоа веројатно е резултат на недоволното спиење и исцрпеноста.

Но, што точно се случува во мозокот на мајките?

Во видеото на „Discovery News“ со наслов „Може ли раѓањето на дете трајно да го промени вашиот мозок?“, Лисет Падиља објаснува како мајките доживуваат невролошки промени на почетокот на бременоста кои продолжуваат во текот на постпарталниот период (по породувањето).

Во неодамнешно истражување објавено во „Behavioral Neuroscience“ научниците со помош на магнетна резонанца ги набљудувале мозоците на 19 мајки во период од две до четири недели по породувањето и потоа околу три месеци подоцна.

Откриле зголемување на сивата материја во одредени региони, меѓу кои и париенталниот лобус (задниот дел на мозокот) и префронталниот кортекс (предниот дел на мозокот), како и амигдалата и хипоталамусот кои се поврзани со регулирањето на емоциите, инстинктите за опстанок и производството на хормони. Се чини дека овие промени се поврзани со позитивниот поглед на мајката и зголемувањето на позитивните чувства кон бебињата. Ова им помага на мајките да стануваат пет-шест пати во текот на ноќта кога бебето плаче, без притоа крајно да се исфрустрираат.

Истражувачите од Универзитетот во Торонто се прашувале дали има разлика во амигдалата кога мајките ги гледаат своите бебиња наспроти бебињата на некои странци. Тие ја анализирале мозочната активност на 22 мајки и откриле дека некои мајки посилно реагираат на своите бебиња, имаат посилни чувства, попозитивно расположение и генерално добро искуство со мајчинството.

Наспроти ова, ако амигдалата не стане почувствителна за време на мајчинството, тоа негативно влијае на врската помеѓу мајката и детето. Мајките имаат послабо искуство, зголемено ниво на стрес и анксиозност и потешкотии со мајчинството.

parenting-tough-times-istock-2Всушност, постпарталната депресија се поврзува со чувствителноста на рецепторите во мозокот кои влијаат на амигдалата и другите структури кои се вклучени во лачењето на допамин како награда. Интересно е тоа што истите невролошки процеси кои се вклучени при романтичното заљубување се исто така вклучени и во љубовта на мајката кон своето дете. Окситоксин, хормонот на љубовта, игра улога во ова. Генерално, голем дел од тоа што се случува во амигдалата на мајките е поврзано со хормоните.

Овој хормон се слободува при раѓањето и доењето, што помага во поврзувањето со новороденчето. Окситоксинот расте во текот на бременсота и регионите со големо количество на рецептори за окситоксин, како амигдалата, се специјално активирани во мозокот на мајките, кога тие реагираат на своите бебиња.

Значи, грижата за бебето всушност води до зголемување на мозочната активност и растење на мозокот.

Поддржете ја нашата работа: