Дали се плашиме од сопствените мисли?

Колку пати во денот си велите дека ви е потребно време само за себе, без некој или нешто да ви досадува? Дали навистина знаете да се “исклучите од се’”.

Тимоти Вилсон, професор по психологија на Универзитетот во Вирџинија, вели дека во ова модерно време, со сите апарати кои ги поседуваме, речиси е невозможно да не правиме ништо, барем неколку минути.

Тимот на Универзитетот направил низа од 11 експерименти со повеќе од 800 волонтери на различна возраст.

Волонтерите имале избор: 15 минути да не прават ништо (да размислуваат или да мечтаат) или да добијат благ електричен шок со интензитет на статички електрицитет.

Не смееле да употребуваат мобилни телефони, музички системи, материјали за читање или пишување.

Волонтерите вложувале многу напор да се концентрираат, но сепак тешко ја исполниле задачата.

2/3 од мажите и 1/4 од жените добиле барем еден електричен шок. Кај еден испитаник употребени биле дури 190 шокови.

Се чини дека луѓето повеќе преферират дури и негативна стимулација, отколку досада.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt