Дали сексот сè уште продава?

Низ историјата, сексот се користи како продажна алатка

Типично, сексот се однесува на убави жени (во последно време и згодни мажи) кои се користат за да се намами гледачот, читателот или слушателот и покрај непостоечка поврзаност со брендот кој се рекламира.

Како човечки суштества, мозокот ни е на исто ниво кога станува збор за реакција на одредени исконски нагони. Храната е еден од нив. Сексот и репродукцијата се дефинитивно други. Оваа базична, пре-програмирана диспозиција да се одговори на сексуална појава е толку силна и се користи со години во рекламирањето.

И додека индустријата, тоа сè повеќе и повеќе го злоупотребува, би било глупаво да се игнорираат сексуалните и еротските пораки.

Во 1885 година, В. Дук и синовите, производители на сапун за лице, во амбалажата вклучиле еротски слики од најпопуларните женски ѕвезди на денот. Врската помеѓу сапунот и сексот е благо кажано тенка, но функционирало. Оттогаш, брендовите намерно користат сугестивни (или јасно бесрамни) сексуални слики во потрагата по нови клиенти. Особено, рекламите за алкохол, мода, парфеми и автомобили создадоа силни врски со сексот.

Дали сексот навистина продава?

Да, сексот продава. Тоа е факт.

Популарните списанија за мажи како „Максим“ и „FHM“ експериментирале често со нивните корици. Со големо мнозинство, кога на насловната страница имало секси полу гола жена, било поефективно од слика на машка славна личност, дури и тоа е некој за кого мажите сакаат да читаат.

Кога рекламите се повеќе сексуално провокативни, мажите се особено привлечени. Тоа е едноставна генетика. Мажите реагираат на сексуални слики. И ако вашата реклама создава сексуална ситуација, ќе го добиете саканиот одговор.

Но, сексот, исто така, ги одбива клиентите

Тука постои тенка линија, а многу често брендовите ја надминуваат. Потрошувачите имаат човечки импулси и реакции, но тие се исто така се паметни, добро образовани луѓе кои наскоро ќе сфатат дека тие се изманипулирани. Луѓето можат да го купат вашиот производ, еднаш или два пати поради еротската интеракција, но ако производот не е квалитетен, нема долгорочно да ги задржите клиентите. Не само тоа, тие ќе се чувствуваат измамени, па ќе биде биде потребен многу поголем напор од страна на објавувачот на рекламата да ја врати довербата.

Иднината на сексот во рекламите

Сексот е тука и е сè повеќе бесрамен со секоја измината година. Подемот на интернетот во текот на последните 20 години создава директна линија за многу посилен графички сексуален материјал да влезе во домовите на потрошувачите. И да се реагира на него. Порнографијата, иако не се користи во рекламирањето, во својата традиционална смисла е мултимилијардерски бизнис. Со оглед дека регулативите околу сексот и потрошувачите се повеќе опуштени, може да претпоставиме дека сексот ќе стане поголем дел од нашиот маркетиншки пејсаж.

Во крајна линија – користете сексуални идеи само доколку тоа е соодветно.

Ако рекламирате машки дезодоранси како „Axe“ или долна облека од брендот „Викторија Сикрет“, глупаво е да не ја искористите сексуалноста како механизам за продажба. Но, ако се обидувате да продадете косилка за трева или нова гарнитура со голотија и секс, му правите на вашиот производ сериозно лоша услуга. Да, ќе го привлечете вниманието. Но, тоа е погрешен вид на внимание, и нема да доведе до подобрување. Сексот, во умерени и разумни граници, е силна продажна алатка. Но, ако го злоупотребувате, конечниот резултат е загуба.

Поддржете ја нашата работа: