Дали шминката е лоша за нас, односно за нашето лице и кожа? Кои се долгорочните ефекти од различните хемикалии кои жените ги носат на лицето?
Како што се објаснува во видеото на „AsapSCIENCE“, станува збор за козметичка индустрија вредна милијарди долари. Ако се навратиме назад во минатото, античките Египќани нанесувале шминка базирана на олово сулфид на своето лице. Оловото е моќен невротоксин кој може да доведе до потешкотии во учењето и однесувањето на децата, како и да ја намали плодноста и кај мажите и кај жените.
Уште во 1800-тите години, жените биле охрабрувани да користат производи за хидратација кои содржеле соединенија од радиоактивниот елемент радиум, за кои производителите ги убедувале дека ќе им дадат младешки сјај на лицето.
Се разбира дека оттогаш работите се променети и сега повеќе не се користат познати отрови во шминките, но колку се тие безбедни? Од што се направени?
Во составот на шминките се’ уште има трагови на олово, но тоа не е намерно. Оловото во мали количини се наоѓа во природата, па така трагови од него завршуваат во нашите шминки и не можеме да направиме ништо во врска со тоа. Истражувањата покажале дека овие трагови од олово варираат од 0,026 ppm до 7,19 ppm, што е под препорачаната здравствена граница.
Интересно е тоа што кармините се направени од околу 47% масла, од кои најчесто е рицинусовото масло. Растението од кое се произведува ова масло исто така произведува рицин – еден од најмоќните природни токсини на земјата. Исто така, некои сини пигменти во шминките се направени од хемикалијата наречена железен фероцијанид.
Ќе оставиме „AsapSCIENCE“ да ви објасни зошто не треба да се грижите за ова!