Дали силната светлина им помага на пациентите да се разбудат од кома?

Една мала студија направена во Австрија, вели дека силната светлина може да им помогне на пациентите во несвесна состојба, така штотаа ќе им го поттикне дено-ноќниот ритам и тоа може да ги разбуди од кома. Способноста на организмот, после тешки повреди и потреси да го поттикне мозокот да се разбуди од кома е проследена со природниот дено-ноќен ритам.

Студијата е направена на 18 пациенти во различни несвесни состојби.

Шансите за враќање на свеста можат да се зголемат откако еднаш кога телото ќе се врати во здрав циклус со подигнување и спуштање на телесната температура во текот на денот. Научниците исто така го потврдиле тоа на 8 пациенти со зголемено ниво на свест после третманот со внимателно поставено силно светло кое би било цел да ја поттикне активноста на дено-ноќниот ритам и природната функција на телесната температура.

На тестот за закрепнување на тешко повредените лица се покажало дека што поблиску била температурата до нормален ритам, тоа подобри резултати имале пациентите, вели истражувачот Кристен Блум од Универзитетот во Салзбург.

Новите откритија се сеуште прелиминарни, но сугерираат декаследењето на дено-ноќниот ритам може да послужи како дијагностичка алатка за следење на шансите за закрепнување на пациенти кои се во кома.

Во студијата, објавена во списанието Neurology, австриските научници пишуваат дека ваквата терапија ќе помогне во прилагодување на ритамот и ќе им олесни на пациентите да бидат поблиску до свеста.

Дено-ноќниот ритам му диктира на телото кога треба да јаде, спие или да биде будно. Кај здрави лица овој ритам покажува мали промени на телесната температура, која расте преку денот, а опаѓа во текот на ноќта.

Научниците една недела континуирано ја следеле телесната температура по пат на сензори поставени на кожата. Пациентите кои имале подобри резултати, имале телесна температура поблиска до онаа која е потребна за 24 часовен ритам. Осум од пациентите биле изложени на стимулација со силна светлина во текот на една недела. Дба од пациентите реагирале позитивно, покажувајќи будна состојба на умот.

Авторот на студијата предупредува дека студијата е премногу мала за да се потврди дека светлината благотворно делува на стимулацијата и постигнување на крајната цел. Истражувањето ветува многу и затоа од Универзитетот планираат да направат поголема студија со која ќе се потврди ефектот.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.