Дали сме свесни дека живееме под загадено небо?

Убавината на ноќното небо брзо исчезнува, како што покажува првата мапа на глобалното загадување со светлина.

Новата мапа покажува дека повеќе од 80 проценти од светот живее под загадено небо, од кои 99 проценти се однесуваат на САД и Европа. Една третина од човештвото повеќе не може да го види Млечниот Пат и како што покажува новата мапа, ноќното небо полека се повлекува поради сјајот на вештачката светлина.

Пред повеќе од една деценија, Фабио Фелчи, истражувач од Институтот за загадување со светлина и технологија во Италија, го објави првиот атлас на осветленоста на ноќното небо. Тој заедно со својот тим на истражувачи ги комбинирал сателитските податоци со мерењата на осветленоста на небото, за да го измери глобалниот сјај и своето истражување го објавил во „Science Advances“.

Мапата покажува колку ноќното небо во различни делови од светот отстапува од природната светлина на небото.

night-sky

САД
САД

Постојат многу ризици ако продолжиме вештачки да ја осветлуваме темната страна на нашата планета. Вишокот на светлина ги попречува астрономските набљудувања од земјата и ја нарушува миграцијата на птиците, желките и другите видови. Дури и Американската медицинска асоцијација препорачува намалување на загадувањето со светлина, посочувајќи поврзаност помеѓу повисоките стапки на рак и други болести со нарушувањето на деноноќниот часовник, односно природниот циклус на спиење и будење.

Губењето на ноќното небо е исто така и еден духовен проблем, со оглед на тоа дека се помалку луѓе можат да ја видат убавината на космосот и нашето место во бесконечната шема на нештата.

bortle-scale

Денес, се’ повеќе научници обрнуваат се’ повеќе внимание на ефектите кои загадувањето со светлина ги има на средината, а тимот на Фелчи се надева дека оваа нова мапа ќе претставува вредна алатка за идните истражувања.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.