Квалитетот на спиењето е од исклучително значење за децата, особено во критичните периоди на развој. Може да влијае на здравјето на мозокот и игра клучна улога во развојот на јазикот. Лошиот квалитет на спиењето може да резултира cо намалување на коефициентот на интелигенција, намален успех во училиштето и севкупниот квалитет на живот “, вели авторот на истражувањето, Скот Косенс.
Истражувачите се обидуваат да пронајдат индекс на нарушување на сонот на детето уште од 1990 година, но тој тешко се мери, бидејќи спиењето кај децата е многу различно од возрасните.
Кај возрасните, многу од знаците на нарушување на сонот се очигледни, што ги прави полесни за истражување, но децата често имаат овој режим на “заштитено спиење “, се чини дека тие се во длабок сон, но не може да се види што се случува со основните процеси.
Извесно време, докторите мислеа дека проблемите во однесувањето кои се јавуват кај децата кои имаат проблеми за време на спиењето, како апнеја при спиење (запирање на дишењето за краток период за време на спиењето), се поврзани со намалувањето на нивото на кислород во крвта.
Меѓутоа, постојат голем број на деца со овие симптоми, кај кои нивото на кислород во крвта е нормално. Овој наод ја потврдил потребата да се пронајде што друго ги предизвикува проблемите.
Во истражувањето се вклучени 92 деца од основно училиште и мерени се повеќе од 30 различни параметри на сонот, како што се движењата на мускулите, дишењето, активностa на окото и промените во обработката на мозокот.
Некои од резултатите, се објавени во списанието „Sleep“.
Начинот на кој движењата биле дистрибуирани кај заспаните деца, со и без проблеми со спиењето, претставува индикатор на потенцијално многу поголем проблем.
Од ова истражување, развиена е нова мерка заснована на движењата која што може да помогне точно да се групираат децата со и без проблеми во спиењето, што е од суштинско значење за понатамошен третман.