Ветерните турбини се совршени за животната средина, но научниците веќе со години го проучуваат нивното влијание врз човековото здравје, особено за луѓето кои живеат во нивна близина.
Ветерните турбини се добро познат извор на чиста, обновлива енергија, но луѓето што живеат во нивна близина велат дeка тие испуштаат монотони, чујни и получујни звуци кои се напорни и негативно влијаат врз квалитетот на нивниот живот.
Група научници од Универзитетите „Торонто“ и „Рембол“ го истражувале влијанието на турбините врз здравјето на луѓето што живеат на оддалеченост од 600 метри до 10 километри. Канада собирала податоци од мај до септември 2013 година, а тие неодамна повторно биле анализирани.
Резултатите од новата анализа ги потврдиле истите, направени пред 5 години.„Студијата Community Noise and Health направила корисна база за проучување на односот помеѓу човековото здравје и изложеноста на ветроагрегати“, пишуваат авторите на студијата. Резултатите од новата анализа се објавени во списанието Journal of the Acoustical Society of America.
Луѓето кои што живеат поблиску до турбините и се изложени на бучава од 40 до 46 децибели и пријавиле поголеми пречки во споредба со оние што живеат на места каде што бучавата е под 25 децибели, како што било очекувано. Студијата не потврдува директна врска меѓу оддалеченоста на жителите од турбините и нарушувањата во сонот, крвниот притисок или стресот.
Новото истражување покажало дека луѓето кои што живеат поблиску до турбините пониско го оценуваат квалитетот на животот во својата околина. Истражувањето не може да разликува дали испитаниците и пред поставувањето на турбините биле незадоволни од еколошкиот квалитет на животот.
Исто така, испитаниците кои учествувале во истражувањето можеби имаат поинакви искуства од жителите кои што не учествувале во студијата.
„Најновата студија не пронашла експлицитни докази дека изложеноста на турбини на ветер влијае врз човековото здравје, но во иднина би требало да се мери перцепцијата и загриженоста на жителите пред и по поставувањето на турбините, што би помогнало во разрешувањето на влијанието на турбините врз квалитетот на животот, ако навистина постои“, велат авторите на студијата.