Дали вежбањето го продолжува животот?

„Генерација 100“ е контролирано истражување спроведено на учесници избрани по случаен избор чија главна цел е да ги оцени ефектите од 5 годишно вежбање врз здравјето кај повозрасната популација.

„Ова истражување ќе одреди дали вежбањето води до подолг и поактивен живот и ќе воспостави референтни вредности за неколку важни елементи, како што се дневната физичка активност, јачината на мускулатурата, белодробната функција, когнитивните функции, квалитетот на животот и урамнотеженоста“ – вели д-р Дорте Стенсфолд, водач на истражувањето на норвешкиот Универзитет за наука и технологија.

Вклучувањето на учесниците започнало во 2012 г. и траело до мај 2013 г. Во истражувањето биле вклучени вкупно 1567 лица. Учесниците биле распоредени по случаен избор или во група со интензивен или умерен тренинг во рок од пет години, два пати неделно, или во контролна група која добивала актуелни совети за физичка активност. Клинички испитувања, физички тестирања и прашалници им биле направени на сите учесници на почетокот и после една година, а ќе бидат повторени после три и пет години. Учесниците ќе бидат следени преку поврзување со 10 битни регистри.

Додека ги чекаме финалните резултати, издвојуваме едно од досегашните истражувања чии наоди се конзистентни со очекуваната позитивна корелација меѓу вежбањето и здравјето. 
 Конкретно, станува збор за поврзаноста на  физичката активност и подобрување на  перфузијата на мозокот како и одредени мемориски вештини. Ова е заклучокот на невролозите од центарот за невродегенеративни болести во Магдебург, кои испитувале 40 мажи и жени на возраст од 60-77 години. Сепак, лицата постари од 70 години не покажале придобивки од вежбањето, што говори за ограничувања на возраста.


Досега, ефектите на телото се истражени опширно, додека ефектите врз мозочните функции помалку. Зголемувањето на мозочната  перфузија преку физички вежби претходно  е емпириски  потврдено кај помладите луѓе. Новата студија покажува дека и кај повозрасните, мозокот има способност за прилагодување. Исто така, резултатите покажуваат дека промените во мемориските перформанси кои произлегуваат од физички вежби се тесно поврзани со промените на мозочната перфузија.


Поддржете ја нашата работа: