Дали загадениот воздух ги засилува алергиите?

Еден пар на загадувачи на воздухот поврзани со климатските промени, исто така може да придонесуваат за засилувањето на алергиите. Гасовите азот диоксид и озон се чини дека предизвикуваат хемиски промени во одредени алергени во воздухот и притоа ги засилуваат. Тоа, во комбинација со глобалната клима, може да го објаснува фактот што алергиите стануваат се почести.

Научниците веќе подолго време се сомневаа дека загадувањето на воздухот и климатските промени се вклучени во зголемувањето на преваленцијата на алергии во светот. „Ова истражување на хемиските процеси кои се наоѓаат зад овој феномен е само појдовна точка, но почнува да открива како се случуваат хемиските модификации и како тие влијаат на алергиите“, истакнуваат истражувачите.

Во претходните истражувања, научниците од Институтот Макс Планк во Германија истражувале како супстанците кои предизвикуваат алергија се менуваат во воздухот. Почнувајќи од тоа, тие решиле да го прошират истражувањето и да разгледаат како загадувачите на воздухот би можеле да ја зголемат силата на алергените. Така направиле лабораториски тестови и компјутерски симулации и ги проучувале ефектите на различни нивоа на озон и азот диоксид на најголемиот алерген – полен од бреза, наречен „Bet v 1“.

Научниците откриле дека озонот- главната компонента на смогот, оксидира аминокиселина наречена тирозин, која што помага при формирањето на проетеините на „Bet v 1“. Ова предизвикува низа хемиски реакции кои вклучуваат продукти на реактивен јаглерод кои можат да ги поврзат протеините, притоа менувајќи им jа структурата и потенцијалниот биолошки ефект. Кога ќе се случи тоа, вкрстените протеини стануваат посилни алергени, објаснуваат научниците.

Тие исто така откриле дека и една компонента на автомобилските издувни гасови – азот диоксид- го менува поларитетот и способностите за поврзување на алергенските протеини на „Bet v 1“. Ова, во комбинација со ефектите од озонот, може да го зголемува имунолошкиот одговор на телото на овие честици, особено во влажни и зачадени средини.

„Со зголемувањето на нивото на овие загадувачи, ќе имаме уште повеќе модификации на алергенските протеини, а со тоа и уште повеќе алергии“, предупредуваат истражувачите.

Научниците ќе продолжат со истражувањата за да идентификуваат и други модифицирани алергенски протеини  во средината и се надеваат дека во соработка со биомедицински истражувачи ќе ги проучат i ефектите на човечкиот имунолошки систем, на кој исто така може да влијаат и други физиолошки фактори.

Овие откритија се презентирани на 249-тата Национална средба и изложба на американското хемиско здружение.

Поддржете ја нашата работа: