Како студент на Харвард, со (релативно) малку ресурси, јас ги користев парите за пица од касичката за моите студии по физика. Едно ноемвриско утро, една дипломирана студентка ме оденсе во една мала соба, каде што беше ми беше наложено да зјапам во „x” на екранот и да извршам некоја здодевна задача. Неочекувано, во исто време на екранот трепкаа зборови, толку брзо што не можеа свесно да се регистрираат. Кога програмата заврши, и се обратив на дипломираната студентка. Ми рече да направам една навидум неповрзана работа- математички тест.
„Јас сум катастрофа во математика”, се насмеав и го зедов пенкалото.
На крајот на тестот, додека го пишував резултатот, се сеќавам дека размислував: „Зошто го кажав тоа?”
Ова истражување сега е едно од стотиците кои го истражуваат влијанието на стереотипите врз перформансите. Еден од најпознатите фасцинантни наоди на оваа тема е феноменот на стереотипна закана. Ова се случува кога членовите на групата се однесуваат во согласност со стереотипите за нив. Под стереотипна закана, Афроамериканците постигнуваат послаби резултати на „GRE“ (Graduate Record Examinations), жените полошо играат шах, а европските Американци се полоши во спортот.
Неверојатно, често наодите покажуваат дека дури и навидум безначајни стимули може да доведат до стереотипна закана. Истражувачите откриле дека женските студенти кои го маркираат полето за пол пред да го решат тестот, имаат полоши резултати од учениците кои тоа го прават по завршувањето на тестот. Оваа мало поле може да биде одговорно за почетокот на студирањето на околу 5 000 студентки секоја година.
Во мојот случај, јас бев потсвесно пoдготвена со зборови поврзани со женственоста (како розова, кармин и кукла). Некои испитаници во истражувањето биле подготвени со неутрални зборови. Во истражувањата како ова, жените кои гледаат женски зборови потоа постигнуваат полоши резултати на тестот по математика. Истражувачите откриле дека жените кои решаваат математички тестови под стереотипна закана покажуваат активност во делови на мозокот поврзани со обработката на негативните социјални информации – стануваат анкциозни.
Неколку години подоцна, кога бев апсолвент, Лари Самерс, тогашниот претседател на Харвард, ја даде познатата изјава која доведе до негова оставка. Имено, на една конференција, тој укажа дека разликите во вродената способност може да помогнат во објаснувањето на родовиот јаз во области како математиката и науката. Неговата идеја беше дека дури и мали вродена разлики би можеле да значи дека жените ретко ќе завршат во првите ешалони на математичка способност. Како студент, не бев особено вознемирена од неговите зборови. Ми се чинеше дека Самерс најверојатно е во право – повеќето математичари беа мажи.
Десет години поминаа, и јас сум сега професор кој се занимава со математички проблеми во филозофијата на науката – поле со само околу 15% жени. Низ годините, имав многу можности да размислам зошто коментарите на Самерс беа толку проблематични. Во тоа време, Лари Самерс беше истакнат член на веројатно најпознатата академска заедница во светот. Од оваа перспектива, тој одбра да потхрани многу стереотипи што ги делат жените подалеку од техничките области. Дури и ако тој беше во право, требаше да молчи.
Сепак, наметнатото прашање е неодговорено. Дали е тоа вистина? Дали жените се вродено полоши во математика?
Многу истражувачи се обиделе да одговорат на ова прашање, создавајќи огромни количини на контроверзии во меѓувреме. Проблемот е во тоа што кога станува збор за женските и машките математички перформанси, не постојат контролни групи. Културните стереотипи за полот и математиката се силни и е крајно тешко да се разграничат разликите базирани на стереотипи од вродениот талент.
Една од поновите анализи вели дека доказите за вродените разлики во математичката способност се силно преценети. Години на истражувања имаат документирано празнини во врвните нивоа на математички перформанси. Сепак, измерените разлики значително се менуваат со текот на времето, низ земјите и културите. Во текот на последните 30 години, во САД, половиот јаз е драстично намален. Во некои земји (како Индонезија и Исланд), жените ги надминуваат мажите во математичките перформанси. И додека белите американските мажи се стремат да ги надминат жените, истражувања покажаа дека трендот е обратен кај Американците со азиско потекло.
Имено, една широко документирана анализа на стереотипната закана открила дека кога азиско-американските жени се потсетуваат на азискиот идентитет, нивните математички перформанси се подобруваат, додека потсетувањето на нивната женственост има спротивен ефект.
Заклучокот од сето ова е дека дури и да постојат вродени математички способности, нивното значење опаѓа во споредба со ефектите на културата врз математичките перформанси. И секако, со оглед на тежината на доказите за ефектите на стереотипите, вродените математички разлики не смеат да се користат за оправдување на половите разлики во техничките области. Крајно време е да се престане со опсесивно трагање по разлики меѓу мажите и жените и да се фокусира енергијата кон рушење на културните норми кои ги држат девојките подалеку од математиката.