Дебелината во бременоста ризична за бебето

Бебињата најдобро напредуваат кога мајките имаат нормална телесна тежина пред и за време на бременоста.

Жените на репродуктивна возраст имаат висока преваленца на прекумерна тежина и гојазност. Претходни анализи сугерираат дека дебелината на мајката (со индекс на телесна маса 30, или над 30) е придружена со зголем ризик од смрт на новороденчињаеа, меѓутоа резултатите не биле доследни.

За таа цел, тим на истражувачи од Шведска и САД одлучија да ја тестираат теоријата дека прекумерната тежина и гојазноста се поврзани со смртноста кај новороденчињата со анализа на повеќе од 1,8 милиони породувања регистрирани во Шведскиот медицински центар во периодот од 2002-2010.

Индексот на телесна тежина кај мајките во раната бременост бил рангиран како  потхранетост (18,4 или помалку), нормална тежина (18,5-24,9), прекумерна тежина (25-29,9),  гојазност од 1  степен (30-34,9), гојазност од  2 степен (35-39,9), или гојазност од 3 степен (40 и повеќе).

Причините за смрт вклучувале вродени аномалии, асфиксија, инфекции и синдромот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS). Резултатите биле прилагодени на фактори, како што се возраста на мајката, висината, пушењето, образованието, земјатана раѓање и годината на породување.

Во периодот на истражување биле забележани 5 428 мртвородени бебиња (целосна стапка на смртност 2.9 од  1000). Две третини од нив се случиле за време на перинаталниот период (во текот на првите 28 дена).

Стапките на морталитет се зголемувале со зголемување на индексот на телесна тежина на мајките во раната бременост, од 2,4 на 1.000 кај жените со нормална тежина, до 5,8 на 1.000 кај жените со гојазност од 3 степен.

Поврзаноста помеѓу индексот на телесна тежина на мајките и смртноста кај новороденчињата била примарно ограничена од времето на породување (најмалку 37 гестациски недели) во перинаталниот период (во рок од 28 дена од породувањето). Само гојазноста од 2 и 3 степен била поврзана со смртност на новороденчињата кај многу предвремени и умерено предвремени породувања.

Истражувачите проценуваат дека 458 (11%) од мртвородените во истражувањето биле последица на прекумерната тежина и гојазност на мајката.

Авторите тврдат дека постојат доволно докази за да се дејствува против епидемија на дебелината за промовирање на здравјето на детето.

И кај нас се соочуваме со постепено намалување на наталитетот, посебно во одредени региони. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 334 деца, од кои живородени се 23 138 и 196 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2013, во споредба со минатата година, е намален за 430 деца или за 1.8%.

Што се однесува до дебелината, околу 52,8 се соочуваат со зголемена телесна маса, додека 20,3 % имаат индекс на телесна маса над 30. Светската здраствена организација алармира, посебно поради големиот пораст во однос на претходните години.

Поддржете ја нашата работа: