Дефицит на нуклеарна енергија

Според  извештајот на светската нуклеарна индустрија, доколку не се изгради нова конструкција, се очекува уште поголем пад.

Зголемувањето на трошоците, одложувањето на новите изградби, противењето на јавноста и стареењето на реакторите се фактори кои го отежнуваат снабдувањето со нуклеарна енергија.

Дисконтирањето на 48 реактори во Јапонија се должи на нивното долгорочно прекинување. Бројот на оперативни единици во светот опадна на 388 што е за 50 помалку во однос на пикот во 2002 година. Производтвото е намалено за 10,8 %.

Во извештајот се наведени одложени градежни проекти, дури и во Кина. Од 67 реактори во изградба на глобално ниво, заклучно со јули 2014, најмалку 49 се одложени, а 8 се во изградба цели 20 години.

Во Јапонија,  про-нуклеарната власт се соочува со јавноста која е против рестартирање на реакторите.

Повеќе од 200 реактори може да се соочат со исклучување во наредните две децении. Ако брзината на изградба на нови станици не одговара на брзината на исклучување, јасно е дека ќе се настане дефицит на нуклеарна енергија.

Сериозно се разгледуваат и останатите енергетски извори. Вградени се соларни капацитети во Кина, додека во Шпанија во 2013 година, повеќе моќ е генерирана од ветер, отколку од било кој друг извор.

 

Поддржете ја нашата работа: