Депресивни наставници, ниски оценки

Иако не постојат многу информации на темата, на глобално ниво, околу 25% од наставниците страдаат од депресија.

Една ново истражување, спроведено од Државниот Универзитет во Аризона, покажа дека наставниците кои пријавиле повеќе симптоми на депресија од своите колеги имаат паралелки со послаб квалитет во многу области, и учениците имаат послаби перформанси, особено во математика.

Наставата е една од професиите со најмногу стрес, кој е ризик фактор за депресија. Истражувањето е фокусирано на негативното влијание на депресивните наставници врз учениците.

Во истражувањето биле опфатени 27 наставници и нивните 523 ученици од трето одделение. Зачестеноста на пријавените симптоми на клиничка депресија кај наставниците и елементарните вешини за читање и математика на учениците биле оценети во текот на годината. Со користење на видео снимки, обучени набљудувачи го оцениле квалитетот на атмосферата во училницата.

Учениците со послаб успех по математика, кои имале потешкотии да се подобрат, постигнале повисоки резултати кога им предавал помалку депресивен наставник.

Авторите ја нагласуваат потребата за национални психолошки системи за здравствена поддршка, не само за корист на наставниците, туку и на учениците.

Што мислите, дали нашите наставници се депресивни?

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt