Авторот Том Клинс го документирал тој настан во својата книга „Момчето што си играше со фузија“
Ова интервју е малку изменето во интерес на должината и јасноста, и е преземено од „Huffington Post“.
Тејлор, кажи ни нешто повеќе за тоа како дојде до таа одлука – „Денес ќе изградам нуклеарен реактор во мојата гаража!“
Се запознав со нуклеарната наука кога имав околу 10 години и бев фасциниран. Бев фасциниран од реакциите и моќта во овие атоми што имаме можност да ја ослободиме. И започнав со многу различни експерименти и собирав радиоактивни материјали, но, знаете, во одреден момент сфатив дека ми треба, односно дека сакам да направам нуклеарна реакција, а за да го направам тоа ми се чинеше дека наједноставниот начин е да направам реактор на нуклеарна фузија. Па, знаете, тоа беше нешто што решив дека морам да го направам. Ми беа потребни неколку години, но ја добив фузијата кога имав 14 години.
Нели беа твоите родители растревожени поради тоа?
Па не, знаете, имаше мал проблем со вербата, и кога почнав со изградбата беа очигледно загрижени, но тоа беше процес само додека да ги убедам. Јас сум личност која многу внимава на безбедноста, најверојатно до екстремни граници, па тоа многу помогна. Покрај тоа, донесоа луѓе кои знаат што прават и кои знаеја дали јас знам што правам, во однос на безбедноста и, знаете, доколку не беа тие да ме поддржуваат и да ме снабдуваат со ресурси, а најмногу од се едноставно да ми дадат одобрение за тоа, веројатно немаше ни да се случи, па за тоа сум благодарен до ден денес.
Што беше најтешката работа од овој проект?
Па, знаете, ова е тежок процес. Да се направи ѕвезда на Земјата е тежок процес. Нуклеарната фузија е многу тешка работа за да се направи бидејќи не се случува природно, како на пример нуклеарната фисија кога имате критична маса на материјал и неутрони, при што се случува верижна реакција и се ослободува енергија, а фузијата треба некако да се направи, да се создаде. Треба да се загрее горивото, водородот, и да се одржи такво, а за тоа е потребно се’ од нуклеарна физика до металургија, како и познавање како да се справите со компресирани гасови. Потребни се процеси од десетици области за да се направи вакво нешто, но беше забавно и мислам дека клучниот дел е да се има страст и желба за да се направи тоа, а јас имав. И не се чувствував како едвај да учам нешто ново, навистина се чувствував како да откривам нови нешта и да придонесувам за развивање на вештини кои ќе ми помогнат да го изградам тоа што го сакав.
Имаше ли некои страшни моменти?
Па, значи секогаш. Правиш нешта како спојување на многу високи напони, но како што кажав, јас сум личност која многу внимава на безбедноста. Понекогаш сум хипохондрик и од таа причина презедов многу мерки на претпазливост и имав многу луѓе наоколу кои ме советуваа за тоа што го правев. Но, знаете, дотогаш јас имав собрано многу радиоактивен материјал во гаражата, кој, искрено, не беше толку опасен како што ми се чинеше.
Која е улогата на нуклеарната фузија во енергетскиот микс?
Тоа е всушност целата приказна. Знаете дека го направив реакторот и во текот на наредните години развив многу различни технологии, технологии за медицинска безбедност и слични такви работи, и на крајот го кажав најважниот проблем на кој би можел да работам. Мислам дека еден од најголемите, ако не и најголемиот проблем со кој се соочуваме е производството на одржлива енергија. Мислам дека влијае на многу од останатите области, без разлика дали се работи за земјите во развој и тоа дали се снабдени со чиста вода, храна и здравствена заштита, во основа сите овие големи проблеми со кои се соочуваме се сведуваат на енергијата. Мислам дека фузијата е нешто што дефинитивно се наоѓа во нашата иднина. Знаете дека предноста на фузијата е фактот што е неограничена, нели?
Горивата се земаат од многу чести извори, и во основа никогаш нема да се потрошат, додека фосилните горива, ураниумот, сите тие некогаш ќе ги снема.
Тоа е многу густ извор на енергија, кој е многу сличен со фисијата, но е многу чист, без радиоактивен отпад, каде нема потреба за безбедносни мерки како со фисијата. Па на крајот на денот, според мене, Светиот Грал за производство на енергија е фузијата. Меѓутоа, кога ќе им кажам на луѓето дека доколку јас, или кој било друг постигне „изедначување“ (точката каде количеството на енергија потрошено за да се постигне нуклеарна фузија е еднакво на количеството на произведена енергија) сепак потребна е најмалку уште една деценија за работите како што се материјалната наука и инженерството да направат нешто толку економски конкурентно и изводливо. Фузијата со сигурност пристигнува, и мислам дека јас имам удел во тоа, но фисијата ја гледам како еден мост кој не носи до една иднина, без или со многу малку јаглерод којашто се потпира на работите како што се фузијата и обновливите извори на енергија.
Фисијата е технологија која, поради разни причини, има релативно мал број на иновации особено во последната четвртина на 20-тот век и почетокот на 21-от век. Ние ги учиме конструкциите на реакторот, коишто се значително подобрени од оригиналните коишто ја комерцијализирале моќта на нуклеарната фисија, меѓутоа никогаш не сме имале шанса тоа да го преконструираме.
Денеска имаме нуклеарна флота која користи околу 20 проценти од нашата енергија, а секако најголемиот дел од нашиот електричен капацитет ослободен од јаглерод се наоѓа во таа нуклеарна флота. Но, знаете, поради работи како што е економијата, се’ се сведува на безбедноста, а нуклеарните централи се многу безбедни, но само затоа што многу се инвестира за таа безбедност.
Решив да пробам да создадам реактор, користејќи стопени соли како течност за ладење, за да конструирам реактор кој не само што ќе биде многу безбеден, каде намерата е да се задржи радиоактивноста во реакторот и каде што не би имало никаков инцидент или нетолерантна ситуација, туку и ќе може да ја унапреди економијата.
Овој систем што го развив всушност се состои од два модула. Првиот е модул на реакторот, кој е модул за топлина и произведува од 5 до 100 мегавати термална енергија. Вториот е модул за енергија, којшто е доста иновативен бидејќи не користи систем базиран на пареа, туку користи гас како течност за работење. Па, тоа е Брајтоновиот циклус, користи супер-критичен јаглерод, и не само што драстично ја намалува стапката на нуклеарната централа и машините за енергија, туку и овозможува поголема ефикасност. Мислам дека ова е иднината на генерацијата на термална електрична енергија.