Децата и роботите учат заедно


Истражувачите од Институтот за технологија во Лозана, Швајцарија го применија овој концепт во царството на роботиката. Нивниот проект вклучува таблет компјутери и хуманоидни роботи за да им помогнат на учениците да научат да пишуваат. Но, децата се оние кои ги учат роботите да пишуваат, а роботите се програмирани со прогресивни алгоритми за пишување кои го имитираат човековото учење. Роботот ги црпи податоците од база на податоци која содржи примероци од ракописи со најчестите грешки при пишувањето. Пишувањето на роботот се покажува на таблетот, па децата потоа може да го поправат.

Целта е децата да учат, без да се свесни дека учат. Оваа пилот-програма е тестирана во основни училишта, со деца од шест до осум години, како и индивидуално со шест годишно детенце кое имало час еднаш неделно.

Долгорочната цел е наставниците и родителите да имаат можност за ваков концепт на учење преку подучување, со роботски ученик кој постепено се подобрува и што е уште поважно, никогаш не се изморува. На тој начин, во училниците, секогаш ќе има уште послаб ученик од оној најслабиот. Еве како би изгледало тоа:

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt