Децата се поблиски со миленичињата, отколку со своите браќа и сестри

Тој ги искористил податоците од проектот за бебиња (Toddlers Up Project) предводен од професорот Клер Хјуз од Центарот за семејно истражување, додека барал тема за својот магистерски труд по социјална и развојна психологија. Ова 10 годиншно лонгитудинално истражување на социјалниот и емоционалниот развој вклучувало дел за односите на децата со своите миленици, како и голем дел на други податоци за децата, нивните родители, учители и браќа и сестри.

Иако постојат и други истражувања за односот со животните, тие не го споредуваат со односот со браќата и сестрите и не се фокусираат на тоа како квалитетот на поврзаноста со миленичето влијае на детето. Мет одлучил дека сака да се фокусира токму на тоа. Тој сметал дека силната поврзаност со миленичињата ги прави децата посреќни, но се изненадил од тоа што го открил.

Децата кои се соочиле со некој голем проблем во својот живот, како на пример жалост (поради нечија смрт), развод, нестабилност или болест, или пак потекнуваат од посиромашна средина, имале поголема веројатност за посилна поврзаност со своите милиничињата отколку со своите врсници, иако академски биле послаби и имале повеќе проблеми со менталното здравје. Покрај тоа, оние деца кои имале посилна поврзаност со миленичињата повеќе помагале, ги делеле своите работи или пак повеќе соработувале со останатите. Овие деца, а особено девојчињата кои имале куче како милениче, повеќе им се доверувале на нив, отколку на своите браќа и сестри.

„Изненадувачки е тоа што овие деца не само што се обраќаат кај своите миленици за поддршка, туку и го прават тоа повеќе отколку со своите браќа и сестри, и покрај тоа што знаат дека нивните миленици не разбираат што им зборуваат“, вели Мет. „Можеби го прават тоа бидејќи животните само слушаат, а децата чувствуваат дека не ги осудуваат“.

Мет морал прво да докаже дека може да зборува за односот на децата со миленичињата на ист начин како и за односот помеѓу луѓето, па за тоа искористил ново рангирање на веќе воспоставена и потврдена мерка за човековата приврзаност. Тој досега напишал два труда за своите истражувања, кои моментално се ревидираат за објавување. Мет истакнува дека има уште многу што може да се направи со податоците од проектот, како на пример, да се испита влијанието на смртта на миленичето кај децата. „Ние се’ уште не сме свесни колку ни се важни миленичињата“, вели тој.

Поддржете ја нашата работа: